www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,663,760
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Православна ВЕРОНАУКА

ОД 5 ДО 80 ГОДИШНА ВОЗРАСТЉУБОВТА БОЖЈА ПРЕМА ЧОВЕКОТ

Љубовта Божја према човекот е неизмерна, би ја споредил со убавиот и прекрасен пролетен ден. Насекаде, каде и да одиме во тој прекрасен пролетен ден, ние ја чувствуваме Божјата љубов кон нас. Таа Божја љубов ја гледаме и во нашите семејства, во љубовта кон нашите родители, кон нашите деца и нашите сестри и браќа. Таа љубов ја гледаме во самите себе, бидејќи човекот е создаден од љубов, од страна на пресветите и непорочни и богодостоинствени раце на единиот и вистински Бог. Кој ги создаде небото и земјата, и човекот преку себе го позна Господ Бог својот Создател.

Прекрасен пример на Божјата љубов е нашата Црква, Божјето семејство, заедницата на оние кои одговориле на Божјиот повик да Го следат. Бог секогаш не повикува да бидеме дел од Православната Црква, затоа што Тој не’ сака. Секогаш кога ќе се собереме заедно да ги проследиме светите Божествени тајни, ја славиме таа љубов. Љубовта кон Христа е незаситна. Колку повеќе Го љубиш, толку повеќе мислиш дека не Го љубиш и сакаш се повеќе и повеќе да Го имаш во себе и ти да бидеш во Него и со Него!

Исто така, го употребуваме зборот “Црква“ осветена просторија каде се среќава заедницата, нашата парохиска црква. Црквите се исполнети со прекрасни слики (икони и фрески), со симболи, со знаци кои што не потсетуваат и во кои го чувствуваме присуството на нашиот Створител, и Неговата Божја љубов.

Со нашето присуство в црква се чувствуваме изобилно сигурни, затоа што сме во својот дом, во домот Господов, каде е и Бог во секој дел од храмот. Особено во зборовите од парохискиот свештеник и псалмопевецот, преку кои ни зборува самиот Бог. Преку кои зборови ги слушаме упатствата и советите на животот за вечноста. Без Црквата нема спасение! Црквата е наша духовна мајка која не’ родила со вода и со Дух при крштението. Господ Исус Христос целосно се идентификува со својата Црква. И оној што го бара Христос Спасителот надвор од Неговата Црква, никогаш нема да го види Неговото лице, освен во судниот ден.

Затоа должност ни е секогаш да Му благодариме на Бога за изобилната Негова благодат. И да се држиме за својата Мајка Црква, зашто, не дај Боже, ако човек замине во пекол поради своите неисповедани и непокајни гревови, Црквата може да го избави со помош на своите литургии дадени од Бога, преку помени, милостиња и жртва.

На самиот почеток, од моето многу часовно сериско приоѓање до најмладите за нашата вера Православна, морам да ви кажам дека нема да ви одземам многу од вашето скапоцено време. Ќе се потрудам во најкратки црти да ви ја дадам ср’жта од нашата Православна вера, но на вас ке остане да си ја преповторувате, да ја научите и да ја пренесувате на колку што можете повекемина кои малку знаат за Бога. Тоа е должност не само на свештеникот и на богословот, туку е должност и на секој православен верник. Овие почетни часови по веронаука за најмладите се лесно читливи и лесно можат да им ги дадат и да ги научат преку моето пишување и родителите и дедовците и бабите и постарите на своите деца. Да ги потсетат најмладите дека нашата вера Православна, нас не одржала низ вековите како народ Македонски, и верата во Бога била од секогаш наш живот, а тоа го читаме во Библијата и во Стариот и во Новиот Завет, каде меѓу ретките народи на многу места се спомнува и нашиот Македонски народ.

 

 

1-ви час ВОВЕД ВО ПРАВОСЛАВИЕТО

Драго дете, по Божја промисла и Неговата доброта, ти се роди. После твоето раѓање, твоите родители го замолија твојот крстен кум да те носи во црква на крштевање. Кумот и кумата те однесоа в црква. Во црквата свештеникот те крсти. Стана православен христијанин. Кога те однесоа дома, кумот на прагот од твојата куќа те предаде на мајка ти. Тогаш мајка ти те зеде во своите раце, те прегрна и бакна, зборувајќи: ,,Му благодарам на Господа, моето дете сега е православен христијанин,,.
Кога те крстија во црквата не само што стана православен христијанин, туку стана и дете Божјо. Бог е твојот небесен Татко. Тој многу те сака и ти Него многу да го сакаш, да го слушаш и да му служиш. Биди секогаш послушно и добро дете на небесниот Татко.

ПРАШАЊА:
1. На која вера му припаѓаш ?
Јас му припаѓам на Православната вера.
2. Кога стана православен христијанин ?
Православен христијанин станав со своето крштевање.
3. Чие дете стана при светото крштевање ?
При светото крштевање јас станав дете Божјо.
4. Зошто си на светот ?
Да живеам според Божјата волја, да го сакам Господа, да ги сакам своите родители и сите луѓе, да бидам послушно и добро дете.

 

 

2-ри час БОГ

Сега, добро да ги отвориме очите, Што гледаме ?
– Во внатрешноста, околу себе гледаме ѕидови, гледаме деца, книги, мебел, електрични апарати…
А кога би можеле да гледаме низ ѕидовите ?
– Би гледале улици, куќи, луѓе, автомобили, градини со цвеќиња, дрвја…..
А подалеку од тоа ?
– Големи рамнини, полиња, реки, езера, мориња ……
А што би можело да гледаме горе над нас ?
– Птици, пеперуги, сонце, облаци, авиони……
А кога би настанала ноќ ?
– Месечина, звезди,метаори ….

Сега пак, да ги затвориме очите! Што гледаме сега? – Ништо.
Кога ништо не гледаме, значи ли тоа, дека нема ништо: ниту соба, ниту деца, ниту книги, ниту мебел, ниту електрични апарати, ниту куќи, ниту луѓе, ниту автомобили, ниту градини, ниту мориња, ниту сонце, ниту месечина ниту звезди…?
Се ова постои и без нас и независно од нас. – Така е.

Многу оддамна, пред многу години и без затварање на очите ништо не можело да се гледа, зашто ништо немало и ништо не постоело: ниту куќи, ниту села, ниту градови, ниту полиња, ниту планини, ниту сонце, ниту звезди, ниту малечки деца, ниту возрасни луѓе.

Но, беше само еден: ГОСПОД БОГ
БОГ, Го прикажуваат како стар човек со долга, бела брада. Но Тој нее таков. БОГ никогаш не старее, ниту некогаш ќе умре. БОГ е вечен.

ПРАШАЊА:
1. Кој е БОГ ?
Бог, Господ е господар на целиот свет и наш небесен Татко.
2. Од кога е Господ и до кога ќе биде ?
Господ, Бог е од секогаш и секогаш ќе биде.

БОГ

За Бог дознаваме од Светото Писмо – Библијата. Библијата е збир на свети записи кои се напишани од боговдахновени луѓе, во кои се запишани многу вистини и тајни кои Бог им ги открил. Светото Писмо е откровение Божјо и се дели на Стар и Нов Завет. Стариот Завет е сојуз на Бог со луѓето, ветување преку избраникот Божји патријархот Авраам и неговото богоизбрано потомство. Во Светото Писмо – Стариот Завет, преку светите записи, се опишуваат настани од стварањето на светот, па се до раѓањето на Оној преку кого е и светот створен, Господ Исус Христос.

Новиот Завет е сојуз на Богочовекот Исус Христос со луѓето. Сите настани и мистерии од Стариот Завет, во Христа добија објаснување и полнота. Во Светото Писмо – Новиот Завет, во светите записи очевидци ги опишале настаните од раѓањето на Господ Исус Христос, па се до Неговото славно Воскресение од мртвите и Вознесувањето. Детално е опишано и слегувањео на Светиот Дух на првите Христови ученици, нивната проповед во Името Негово и божанската наука. Во тие записи е претскажано се’ што ќе се случи до Второто Христово доаѓање и Страшниот суд.

Господ Исус Христос се именува Богочовек, бидејќи во себе ги има и двете природи: божанска од Бог Отец и човечанска од Својата Мајка, Пресвета Дева Марија. Таа, Бог го родила во човечко тело. Божјата и човековата природа се во единствениот и ист Христос, Синот Божји Единороден, се соединиле – неслиено, непроменливо, неразделиво. Христос истовремено е и Бог и Човек, затоа и се нарекува Богочовек.
Еве св. Јован Богослов што ни дава: Филип Му рече: “Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ А, Исус му одговори: “Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ,покажи ни Го Отецот?“ Не веруваш ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам. Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека. Духот на вистината, Кого светот неможе да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот нема да Ме гледа; а вие ќе ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разбетете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Мене, и Јас сум со вас. Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам.“ (Јован 14: 8 – 21).

 

 

3-ти час КАКОВ Е ГОСПОД

Господ Бог, нема телесни очи, сепак се гледа. Гледа и тогаш кога е темница. Исто така го гледа ситниот песок, ластовичките, цвеќето, како и големите мориња, планини, звездите и сонцето.

Тој се’ гледа и се’ согледува. И нас не гледа. Ги гледа нашите срца, и знае се’ што мислиме и се’ што правиме.

Ние Него не Го гледаме, зашто Тој нема тело. Нема раце, нема нозе, БОГ е дух.

Бог секаде е присутен и од Него неможеме да се сокриеме. Тој е на небото и на земјата. Горе меѓу звездите и долу во морските длабочини.

Само еден е Бог, но во Него се три Лица: Отец, Син и Свети Дух. Тие се три Лица но сепак е само еден Бог. Трите божествени Лица се викаат со едно име Пресвета Троица.

ПРАШАЊА:
1. Каде е БОГ ?
Насекаде. На небото, на земјата и на секое место.
2. Што гледа Бог ?
Бог гледа се’: па тоа што и ние мислиме или потајно правиме.
3. Зошто не можеме да Го видиме БОГА ?
Бидејќи Бог е дух и нема тело.
4. Имали повеќе богови, освен единствениот ?
Бог е само еден, и нема други богови.
5. Колку Лица има во единствениот БОГ ?
Има три Лица: Отец, Син и Свети Дух.
6. Како се викаат трите божествени Лица со едно име ?
Пресвета Троица.

ЗА МОЛИТВАТА

4-ти час

Со Господ можеме и да разговараме. Овој разговор со Господ Бог се вика молитва. Во молитвата Бог Го нарекуваме: ,,Оче наш,, Кој си на небесата,,. Тој ја слуша нашата молитва, дури и кога тивко се молиме, ги исполнува нашите молби, ако молиме за тоа, што е од корист и ако истрајно молиме.

Господ Исус Христос не научи да се молиме вака: ,,Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја; како на небото, така и на земјата, лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како што им проштаваме и ние на нашите должници; и не не воведи во искушение но избави не од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата и славата на Оца и Сина и Светиот Дух сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

Вие сигурно ја знаете оваа молитва ,,Оче наш,,? Ја научивте од своите добри мајки. Ама можеби не го знаете тоа, дека самиот Господ Исус Христос ги учеше апостолите и другите луѓе да се молаат со молитвата,,Оче наш,,.

ПРАШАЊА:
1. Што правиме кога се молиме на Бога ? – Разговараме со Господ Бог.
2. Која е најсвета молитва и кој не научи да се молиме ?
Оче наш е најсвета молитва и не научи така да се молиме Господ Исус Христос.
3. Како ги почнуваме и завршуваме молитвите ?
Со прекрстување и со зборовите: Во името на Оца и Сина и Светиот Дух. Амин

ЗАПОМНИ: Добрите деца со задоволство се молат наутро и навечер.

Оваа молитва е светиња за сите христијани. Исус Христос им ја предал на Своите ученици по нивно барање. Тој им рекол, молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот.
Зашто Твое е Царството, и силата и славата, на Оца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

ОЧЕ НАШ Отец наш. Бог е извор на животот, Творец на сите луѓе и Заштитник на човечкиот род. Тој не сака нас, како што таткото ги сака своите деца. И ние ја повикуваме Неговата божествена помош со вера, надеж и љубов.

ОЧЕ Така се обраќа детето кон својот татко. Ние Му се молиме на Бога со детска доверба. Зашто Господ е близок со нас, поблизок отколку што е душата со телото. Како сонцето, Тој ги излива Својата светлина и топлина и на добрите и на лошите, зашто Бог е Љубов, Милост, Простување, Грижа, Надеж, Радост.

НАШ Сите сме деца на еден Отец. За Бога сите се еднакви, ние сме едно семејство, и Неговата љубов кон нас е безгранична. Тој посакува ние да се сакаме еден со друг како браќа и сестри, и тоа што за себе го бараме во молитвите, да го бараме и за другите.

КОЈ СИ НА НЕБЕСАТА Кој престојуваш на небото. На небесата е Мајката Божја, ангелите и светите угодници Божји Му служат на Бога, Му се поклонуваат и Го прославуваат. Целото Божјо небо е безгрешно, чисто и свето.

ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ Бог е Убавина, Вистина и Светлина. Ние посакуваме таа убавина да ја спознае целиот свет. Боже, помогни ни да живееме според Твоите заповеди, та и преку нашите добри дела да Те слават сите луѓе.

ИМЕТО ТВОЕ Името Божјо е свето, и кога ние со стравопочит и љубов го изговараме, во нашите срца се одразува Самиот Господ, како што во чистата роса се одразува сонцето.

ДА ДОЈДЕ ЦАРСТВОТО ТВОЕ Царството Небесно – тоа е благодатта на Светиот Дух. Поради благодат ни се дава покајанието, коешто ги чисти нашите срца од секоја нечистотија и во нас се вселува Бог. А каде што е Бог, таму е и Неговото Царство – Царството на Мирот, Добрината и Љубовта!

ДА БИДЕ ВОЉАТА ТВОЈА „Нека биде како што сакаш Ти” – вака може да каже детето, кое наполно му се доверува на својот татко, не сомневајќи се во неговата љубов и мудрост. Се – и радоста, и тагата – треба да се прима како света Божја волја, која што не води кон спасение.

КАКО НА НЕБОТО ТАКА И НА ЗЕМЈАТА И на земјата, како на Небото. Ние молиме од Господа да ни помогне да ја исполниме Неговата волја смирено, предано и со љубов, како Богородица и светите небесни ангели.

И НА ЗЕМЈАТА И на земјата. Додека Адам и Ева живееле во послушание кон Бога, на земјата имало рај. Ако живееме според Божјата волја, ние го враќаме рајот на земјата. Послушанието – тоа е почеток на рајот на земјата.

ЛЕБОТ НАШ НАСУШЕН ДАЈ НИ ГО ДЕНЕС Дај ни го сето тоа што ни е потребно секојдневно. Господ не учи да не бараме за себе богатства и раскош, туку да го бараме единствено најнеопходното, надевајќи се за се во Бога и спомнувајќи си дека Тој секогаш како Татко се грижи за нас.

ЛЕБOТ НАШ НАСУШЕН Лебот е животно неопходен не само за телото, туку и за душата. За душата се неопходни словото Божјо и причестувањето со светите Христови тајни. Нашиот Господ Исус Христос – Небесниот Леб – преку светата тајна Причест не осветува и не соединува со Бога и меѓусебно, не приближува кон вечниот живот, кон Царството на Љубовта.

И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ Долгови – тоа се нашите гревови. Господ ги простува гревовите на тие што искрено се каат. Прости – значи разреши, отпушти. Нам – ние не се молиме само за себе, туку и еден за друг.

КАКО ШТО НИЕ ИМ ГИ ПРОШТЕВАМЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ Како што и ние им проштеваме на тие што не навредуваат. Ако ти простуваш – и тебе Господ ќе ти прости; а ако не проштеваш, тогаш и твојот грев ќе остане со тебе.

И НЕ ВОВЕДУВАЈ НЕ ВО ИСКУШЕНИЕ Искушение – тоа е испитување на нашето срце во добро и зло. Што ќе одбереме? Господи, не испраќај ни прекумерни искушенија, помогни ни да го надминеме гревот во себе и да истраеме во доброто!

ТУКУ ИЗБАВИ НЕ ОД ЛУКАВИОТ Тоа е молба кон Семоќниот Бог за заштита од ѓаволот. Лукав – значи измамник, лажливец. Токму тој ги сее во нас лошите мисли и желби, не поттикнува на грев, ја успива совеста, оправдувајќи ги нашите лоши постапки. Треба да се спротивставуваме на злото и неправдата и да Го молиме Бога за помош.

ЗАШТО ТВОЕ Е ЦАРСТВОТО, И СИЛАТА И СЛАВАТА ВО ВЕКИ Славејќи Го и благодарејќи Му на Господа, ние се надеваме во Него, зашто на Бога Му припаѓа ЦАРУВАЊЕТО над светот, во Него има СИЛА да ги исполни нашите молби, и Нему Му прилега вечна СЛАВА.

АМИН Амин – нека биде така.

Господовата молитва

Вовед

Верувам дека сите знаеме која е Господовата молитва, некои ја знаeме и на памет, но не сум сигурен дали сите го знаeме нејзиното значение. За тоа се погрижиле светите Oтци, кои длабоко проникнуваат во словото Божјо и несебично ни го оставиле во наследтво тоа нивно искуство за да и ние да го научиме суштинаското значение на оваа молитва. Неа, Господ Исус Христос ни ја дал преку апостолите кога тие го замолиле да им каже како да се молат.

Тогаш Господ Исус Христос им кажува како да се молат: Кога се молите, не говорете многу како незнабожците, зашто тие мислат за своите многу зборови ќе бидат услишени; вие, пак, немојте да бидете како нив, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле. Туку молете се вака: и им ја кажува молитвата Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата, на Оца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин! (Мат, 6,7-13, Лук 11,2-4)

Основната молитва во Православната Црква е Господовата молитвa или молитвата Оче наш и таа најчесто се применува во нашите Богослужби. Во нејзините зборови Спасителот се ни дал што ни е потребно за нашето спасение. Ако ја гледаме малку повнимателно, ќе заклучиме дека во неа се опфатени двата најголеми заповеди кои Господ Исус Христос ни ги даде во Новиот Завет: Возљуби Го Господа со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е прва заповед. А втората е слична на неа: ‘Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема. (Мат. 22, 37-39; Мар. 12, 30-31).

Што е уште поинтересно, во оваа молитва ќе забележиме дека ништо не бараме свое и ништо на земјата. Најчесто кога ние се молиме, разбираме дека молиме од Бога нешто и бараме ова-она, и бараме за себе и бараме нешто што е од овде на земјата. Но Господ не учи поинаку, дури и онаа прозба, Лебот наш насушен, дај ни го денес, има сосем друго значение за кое ќе видеме подоцна.

Ние веруваме во личносен Бог, Бог Света Троица, Отец, Син и Свет Дух и заради тоа ние можеме и лично да му се обратиме да го спознаеме и заедничариме со Него, а тоа значи дека нашиот Бог е конкретно Некој и ние со Него можеме да воспоставиме лична и љубовна заедница преку молитвата.

Оче – Бог пред се е Личност и ние со Него треба да воспоставуваме личносен или синовски однос, кога се обраќаме кон некого со Отец, тоа значи дека се обраќаме кон својот родител, што го чувствуваме блиску и орагански поврзано. Тоа значи и дека нашиот Бoг е Личносен и Троичен и кога има Отец има и Син има и Свет Дух. Синот е Син по природа, додека ние сме синови по благодат. Преку крштението ние се восиновуваме на Бог и стануваме браќа на Христос. Преку овој призив ние ја спознаваме големината на љубовта Божја.

Следниот збор после именката Оче е зборот „наш„. Што значи „наш”? Тоа значи дека Отецот е наш Отец, на целата заедница, не мој или твој, туку наш, а тоа всушност е Црквата. Затоа оваа молитва не лична туку секогаш на Црквата. Надвор од Црквата и црковната заедница, оваа молитва, ќе се осмелам да кажам дека не важи, нема сила и спознание. Кога ќе речеме Оче наш, тоа значи дека сите ние сме браќа и сестри, затоа што имаме еден Отец, а кога сме браќа и сестри, тогаш неминовно е и да се љубиме. Моето да е твое и твоето мое. Ти да бидеш јас, јас да бидам ти. Односно секогаш да го пуштаме братот или сестрата пред нас.

ПРОВЕРКА НА МОЕТО ЗНАЕЊЕ ПО ВЕРОНАУКА

5-ти час

1. НА КОЈА ВЕРА И ПРИПАЃАШ ? __________________________________________
2. КОГА СТАНА ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНИН ? __________________________
3. ЧИЕ ДЕТЕ СТАНА КОГА ТЕ КРСТИЈА? ?___________________________________
4. ЗОШТО СИ НА СВЕТОТ? ?_________________________________________________
5. КОЈ Е БОГ ? ______________________________________________________________
6. ОД КОГА Е ГОСПОД И ДО КОГА КЕ БИДЕ? ?________________________________
7. КАДЕ Е БОГ? ?_____________________________________________________________
8. ШТО ГЛЕДА БОГ? ?________________________________________________________
9. ЗОШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ВИДИМЕ ГОСПОД БОГ? ?__________________________
10. ИМАЛИ ПОВЕЌЕ БОГОВИ, ОСВЕН ЕДИНСТВЕНИОТ? ?_____________________
11. КОЛКУ ЛИЦА ИМА ВО ЕДИНСТВЕНИОТ БОГ ? ___________________________
12. КАКО СЕ ВИКААТ ТРИТЕ БОЖЕСТВЕНИ ЛИЦА СО ЕДНО ИМЕ? ?___________
13. ШТО ПРАВИМЕ КОГА СЕ МОЛИМЕ? ?______________________________________
14. КОЈА Е НАЈСВЕТА МОЛИТВА И КОЈ НЕ НАУЧИ ТАКА ДА СЕ МОЛИМЕ ?___
15. КАКО ГИ ПОЧНУВАМЕ И ЗАВРШУВАМЕ МОЛИТВИТЕ ? ___________________

ДРАГО ДЕТЕ, СПОРЕД ПРАВИЛНО ДАДЕНИТЕ ОДГОВОРИ НА ОВОЈ ТЕСТ, СЛОБОДНО ПОФАЛИ СЕ НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, НА СВОЈОТ КРСТЕН КУМ И НА ТВОЈОТ ДЕДО ПОП – ПАРОХИСКИОТ СВЕШТЕНИК – ТИЕ КЕ ТЕ НАГРАДАТ!

 

А Н Г Е Л И

6-ти час

Драго чедо, пред да почнеш да го читаш и овој час по веронаука – прекрстисе правилно (Најпрвин со десната рака, собери ги во едно трите прсти – палецот, показателот и средниот прст), почни од челото велејќи: ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ па потоа на папукот (стомакот) речи: И СИНОТ, подигнија раката на десното рамо па изговори И СВЕТИОТ ДУХ и стави ги трите прсти на левото рамо па заврши АМИН. Овие 10 – 15 минути нека ти биде молитвено дружење со Бога. Господ да те благослови.

 

ВО ИМЕТО на ОТЕЦОТ и СИНОТ и СВЕТИОТ ДУХ. Амин

Господ Бог-Отец, Синот и Светиот Дух, не сакаше да ја задржи својата добрина само за себе туку сакаше и други да се радуваат во таа добрина. Тогаш ги создаде ангелите, и го наполни небото со нив.

Ангелите са слични на Бога. И тие се невидливи. Имаат само душа, немаат тело. Со тело и крила ги сликаме за да можеме полесно и подобро да си ги замислиме. Небото е исполнето со ангели, и во секој момент Му оддаваат слава и пофалба на Бога. Ние само на неколку ангели, архангели, серафими, шестокрилати, им ги знаеме и имињата: Михаил, Гаврил, Ангел чувар (Guardian), Рафаил и Луцифер.

Во почетокот сите ангели беа добри и верно го слушаа Господа Бога. Но еден ден се побунил Луцифер дека тој повеќе несака да Му се покорува на Бога. Тој посакал да се израмни со Бога. По неговиот пример отишле и многу други ангели. За казна Бог лошите и непослушни ангели ги фрлил во пеколот. Засекогаш ги отфрлил од Себе.

Луцифер уште се вика и сотона или ѓавол. Сите непослушни ангели се викаат ѓаволи или лоши духови.

Добрите ангели верно Му служат, Го слушаат и Го сакаат Бога, а лошите го мразат.
Добрите ангели се наши пријатели и добротвори. Не чуваат од се што е лошо и внимаваат на нас. Затоа се викаат ангели чувари. Секој еден од нас има по еден ангел чувар.

Лошите ангели не не сакаат, туку не мразат. Ни завидуваат и не наведуваат на лошо за и ние да појдеме во пеколот, каде има страшни неопишани маки и плачење.

ЗАДАЧА:
1. На кого се слични ангелите ? ——- На Бога.
2. Какви биле сите ангели во почетокот ? —- Сите биле добри и го слушале Бога.
3. Дали сите ангели останале добри ? ——— Не. Некои станале лоши.
4. Како ги казнил Бог лошите ангели ?——– Ги фрлил во пеколот и никогаш повеќе нема да го видат Бога.
5. Што прават добрите ангели ? ——– Тие Му служат на Бога, не чуват нас и не предупредуваат на добро, да и ние отидеме на небото, каде што се тие, за и ние да се радуваме како што и тие се радуваат.
6. Што прават лошите ангели ? ——— Они го мразат Бога, не мразат и сите нас, затоа не наведуваат на лошо – на грев, за и ние да отидеме во пеколот, за и ние да се мачиме како што тие се мачат.

С О З Д А В А Њ Е

7-ти час

Драго чедо, пред да почнеш да го читаш и овој час по веронаука – прекрстисе правилно (Најпрвин со десната рака, собери ги во едно трите прсти – палецот, показателот и средниот прст), почни од челото велејќи: ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ па потоа на папукот (стомакот) речи: И СИНОТ, подигнија раката на десното рамо па изговори И СВЕТИОТ ДУХ и стави ги трите прсти на левото рамо па заврши АМИН. Овие 10 – 15 минути нека ти биде молитвено дружење со Бога. Господ да те благослови.

Бог сакал да ги создаде луѓето. Сакал тие да имаат и тело. Најпрвин приготвил место за нив и во него сето тоа што ќе им биде потребно.

Бог посакал да се создаде светот. Ништо повеќе не правел. Тој само рекол “Сакам да се создаде свет”, и се станало.

Тоа се нарекува создавање. Само Бог може од ништо да создаде нешто. Може да создаде се што сака. Затоа го велиме: Бог е семоќен.

Бог го создал сонцето за да биде светлина на денот; месечината и ѕвездите да светат во ноќта.

Бог ја создал и земјата, а на неа и морињата, реките и планините.
Потоа го создал и животот на земјата. Бог само посакал и веднаш почнале да никнуваат: трева, дрвја, разни цвеќиња…Сонцето им давало светлина и топлина…После растенијата Бог ги создал птиците, пеперутките…Морињата и реките ги наполнил со риби, а копното со разновидни животни.

Бог не само што го создал светот, туку и денес се грижи за светот. Тој им дава дожд на растенијата, храна на птиците и животните. Бог ги воздржува ѕвездите и управува со нив да се движат по своите патишта и да не се судруваат.

ПРАШАЊА:
1. Кој го создал светот ? ———— Бог го создал светот.
2. Како Бог го создал светот ? —— Само посакал да биде светот и се станало.
3. Што може да создаде Бог ? —— Се што сака! Бог може се да создаде.
4. Дали Бог сега сеуште се грижи за светот ?—- Да, и сега се грижи за светот; го одржува и управува со него.

 

СИМВОЛ НА ВЕРАТА:

8-ти час

ВЕРУВАМ ВО ЕДИНИОТ БОГ ОТЕЦ, СЕДРЖИТЕЛ, ТВОРЕЦ БА НЕБОТО И НА ЗЕМЈАТА И НА СЕ ВИДЛИВО И НЕВИДЛИВО.
И ВО ЕДИНИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, СИН БОЖЈИ, ЕДИНОРОДЕН, КОЈ Е РОДЕН ОД ОЦА ПРЕД СИТЕ ВЕКОВИ. СВЕТЛИНА ОД СВЕТЛИНА, БОГ ВИСТИНСКИ ОД БОГА ВИСТИНСКИ, РОДЕН, НЕСОЗДАДЕН, ЕДНОСУШТЕН СО ОЦА, ПРЕКУ НЕГО СЕ СТАНАЛО.
ЗАРАДИ НАС ЛУЃЕТО И ПОРАДИ НАШЕТО СПАСЕНИЕ, СЛЕЗЕ ОД НЕБОТО И СЕ ОВОПЛОТИ ОД СВЕТИОТ ДУХ И МАРИЈА ДЕВА И СТАНА ЧОВЕК.
И БЕШЕ РАСПНАТ ЗАРАДИ НАС ВО ВРЕМЕТО НА ПОНТИЈ ПИЛАТ, ПОСТРАДА И БЕШЕ ПОГРЕБЕН.
ВОСКРЕСНА ВО ТРЕТИОТ ДЕН СПОРЕД ПИСМОТО.
СЕ ВОЗНЕСЕ НА НЕБОТО И СЕДИ ОД ДЕСНО НА ОЦА.
И ПАК ЌЕ ДОЈДЕ СО СЛАВА, ЗА ДА ИМ СУДИ НА ЖИВИТЕ И МРТВИТЕ, И ЦАРСТВОТО НЕГОВО НЕ ЌЕ ИМА КРАЈ.
И ВО СВЕТИОТ ДУХ, ГОСПОД, КОЈ ЖИВОТ ТВОРИ, КОЈ ИЗЛЕГУВА ОД ОЦА, КОГО ЗАЕДНО СО ОЦА И СИНА ГО СЛАВИМЕ И МУ СЕ ПОКЛОНУВАМЕ И КОЈ ГОВОРЕЛ ПРЕКУ ПРОРОЦИТЕ.
ВО ЕДНАТА, СВЕТА, ВСЕЛЕНСКА И АПОСТОЛСКА ЦРКВА.
ИСПОВЕДУВАМ ЕДНО КРШТЕВАЊЕ ЗА ПРОШКА НА ГРЕВОВИТЕ.
ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ НА ИДНИОТ ВЕК. АМИН.

ПРВИТЕ ЛУЃЕ

9-ти час

Драго чедо, пред да почнеш да го читаш и овој час по веронаука – прекрстисе правилно (Најпрвин со десната рака, собери ги во едно трите прсти – палецот, показателот и средниот прст), почни од челото велејќи: ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ па потоа на папукот (стомакот) речи: И СИНОТ, подигнија раката на десното рамо па изговори И СВЕТИОТ ДУХ и стави ги трите прсти на левото рамо па заврши АМИН. Овие 10 – 15 минути нека ти биде молитвено дружење со Бога. Господ да те благослови.

Кога светот беше создаден, Бог рече:”Да го создадеме човекот по нашата слика и прилика ! и нека тој управува со земјата”.

Телото на првиот човек Бог го создал од земја и му вдахнал душа. Душата ја создал од ништо. Душата го држи во живот телото.

Првите луѓе беа Адам и Ева. Живееја во една многу убава и богата градина, која се викаше РАЈ на земјата. Беа многу среќни. Не чуствуваа никакви болки, ниту имаа невољи и болести, а и никогаш немаше да умрат. Го сакаа Бога. И Бог ги сакаше нив. Тој го посакуваше само тоа: да бидат добри и како такви да дојдат на небото.

Адам и Ева се наши прародители. Од нив потекнува секој човек. И ние имаме тело и душа. Нашата душа е слична на Бога. Навистина душата не ја гледаме, но сепак знаеме дека ја имаме.

Од душата имаме способност да можеме да мислиме, да сакаме, да љубиме и зборуваме.

ПРАШАЊА:
1. Кои беа првите луѓе ?——————- Адам и Ева.
2. Што има човекот ? ———————- Тело и душа.
3. На кого е слична нашата душа ? —– На Бога.
4. Од кого потекнуваат сите луѓе ? — Од Адам и Ева, тие се наши прародители.
5. Зошто Бог го создал човекот ? —- За да може човекот да го љуби Бога и Нему да Му служи.
6. Како Бог ги наградува оние кои го љубат и Му служат ? —— По смртта им дава вечен живот и блаженство на небото.
7. Дали умира душата кога умира телото ?—– Не. Душата никогаш не умира. Душата е бесмртна.
8. Кој е најубав дар што Бог им го даде на првите луѓе ? ——- Најубав дар, што Бог им го даде на првите луѓе ПОСВЕТИТЕЛНАТА БЛАГОДАТ.
Бог на душите од првите луѓе им даде од својата божествена убавина, сјај и светост. По ова убавина и сјај душите беа уште повеќе слични на Бога отколку по самата душа. Таа придодадена убавина, сјај и светост на душата се вика СВЕТА БЛАГОДАТ. По неа првите луѓе станаа деца Божји. Добија право да дојдат еднаш при Бога на небото. На земјата требаше да Го љубат Бога и да ја исполнуваат Неговата света воља. Така првите луѓе требаше да заслужат да бидат секогаш соединети со Бога.

Затоа и ние сите луѓе сме на светот, да Го запознаеме Бога, да Го љубиме и да Му служиме верно и така еден ден да дојдеме на небото. Да дојдеш на небото и да се соединиш со Бога значи да си ја спасиш душата.

ПРОВЕРКА НА МОЕТО ВЕРОУЧЕНИЕ

10-ти час

1. ШТО ПРАВИМЕ КОГА СЕ МОЛИМЕ НА БОГА ? ________________________________
2. КОЈА Е НАЈСВЕТА МОЛИТВА И КОЈ НЕ НАУЧИ ДА СЕ МОЛИМЕ?________________

3. КАКО ГИ ПОЧНУВАМЕ И ЗАВРШУВАМЕ МОЛИТВИТЕ ? ________________________

4. НА КОГО СЕ СЛИЧНИ АНГЕЛИТЕ ? ___________________________________________

5. КАКВИ БИЛЕ СИТЕ АНГЕЛИ ВО ПОЧЕТОКОТ ? ________________________________

6. ДАЛИ СИТЕ АНГЕЛИ ОСТАНАЛЕ ДОБРИ ? ____________________________________

7. КАКО ГИ КАЗНИ БОГ ЛОШИТЕ АНГЕЛИ ? ____________________________________

8. ШТО ПРАВАТ ДОБРИТЕ АНГЕЛИ ? ___________________________________________

9. ШТО ПРАВАТ ЛОШИТЕ АНГЕЛИ ? ___________________________________________

10. КОЈ ГО СОЗДАЛ СВЕТОТ ? __________________________________________________

11. КАКО БОГ ГО СОЗДАЛ СВЕТОТ ? ____________________________________________

12. ШТО МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ БОГ ? _____________________________________________

13. ДАЛИ БОГ И ДЕНЕС СЕ ГРИЖИ ЗА СВЕТОТ ? _________________________________

14. КОЈ БЕА ПРВИТЕ ЛУЃЕ ? ____________________________________________________

15. ШТО ИМА ЧОВЕКОТ ? ______________________________________________________

16. НА КОГО Е СЛИЧНА НАШАТА ДУША ? ______________________________________

17. ОД КОГО ПОТЕКНУВААТ СИТЕ ЛУЃЕ ? ______________________________________

18. ЗОШТО БОГ ГО СОЗДАЛ ЧОВЕКОТ ? _________________________________________

19. КАКО БОГ ГИ НАГРАДУВА ОНИЕ КОИ ГО ЉУБАТ И МУ СЛУЖАТ ? ____________

20. ДАЛИ УМИРА ДУШАТА КОГА УМИРА ТЕЛОТО ? _____________________________

21. КОЈ Е НАЈУБАВ ДАР ШТО БОГ ИМ ГО ДАДЕ НА ПРВИТЕ ЛУЃЕ ? _______________

 

КАКО ЗГРЕШИЈА ПРВИТЕ ЛУЃЕ

11-ти час

Незаборавај драго чедо, ова е само воведување во Православието, побарај ја Светата книга – Библијата и читај ја. Побарај од твојот парохиски свештеник поголемо упатство за во Православието.

Првите луѓе не останаа долго среќни. На ѓаволот му беше многу криво, затоа што тие станаа деца Божји, па влегол во змијата да ги наговори на лошо Адам и Ева.

Сите убавини и добрини, што ги добија првите луѓе од Бога, требаше да ги добијат и другите луѓе. Но сето тоа се изгуби поради непослушноста на нашите прародители.
Прародителите Адам и Ева, требало да се воздржат од првото искушение. Бог му рекол на Адам: “Од секое дрво во градината можеш да јадеш ! Но од дрвото во средината на рајот не јади, ако јадеш од него ќе умреш “. На ѓаволот му беше многу криво, што нашите прародители беа многу среќни. И така одлучил да ги наговори на лошо. Еден ден, влегол во змијата. И се приближил на Ева и ја прашал: “Зошто не јадете од секое дрво”. “Не нема да умрете, – ја лажел ѓаволот – уште повеќе, ако јадете од тоа дрво ќе ви се отворат очите и ќе бидете како Бог”.

Ева му поверувала на ѓаволот. Видела на дрвото убав плод. Го скинала и јадела. Потоа му дала и на својот маж од тој плод па и тој јадел. Така нашите прародители не го издржале искушението. Не го послушале Бога. Смислено не ја извршиле Неговата заповед и така го направиле гревот.

ПРАШАЊА:
Каков грев направиле нашите прародители ? ———- Не го послушале Бога.
Кој прави грев ? ——– Оној кој знаејќи и смислено не се покорува на Божјите заповеди.
Што љуби Бог, а што мрази ? — Бог го љуби доброто а го мрази лошото. Бог е Свет.
Што знае Бог ? — Бог знае и гледа се, па и тоа што ние мислиме. Бог е сезналец.
Што изгубија првите луѓе кога згрешија ? ——- Светата благодат. Престанаа да бидат деца Божји и го изгубија правото да одат во небото.

 

КАКО БОГ ГИ КАЗНИ НАШИТЕ ПРАРОДИТЕЛИ
АДАМ И ЕВА

Час 12.

Кога згрешиле Адам и Ева се скриле меѓу дрвјата. Си мислиле дека Бог не знае, што направиле. Но Бог СЕ знае, и го прашал Адама: „Адаме каде си?“ а Адам Му одговорил: „Го чув Твојот глас, па се исплашив и се скрив“. А Бог му рекол: „Дали јадеше од забранетото дрво?“ А Адам Му одговорил: „Жената ми даде и јадев“, а Ева се оправдувала: „Змијата ме измами“.
Бог ја проколнал змијата, а нашите прародители ги прогонил од Едемскиот рај. Од тој час морале многу да се измачуваат, да страдаат и најпосле да умрат. Ниту во небото не ќе можеле да дојдат, ако Бог не им се смилувал.

ЗАДАЧА:
1. Каква корист би имало, кога би Го послушале прародителите Бога?
– Во светот не би имало страдања, ниту смрт.
2. Како гревот на нашите прародители им наштети на сите луѓе?
– Гревот му наштети на целиот човечки род, кој е наследен со раѓањето.
3. Како се нарекува гревот кој е наследен кај сите луѓе?
– Гревот кој е наследен се нарекува прародителски грев.
4. Што преминува на нас заедно со гревот?
– Казната за гревот се: неволјата, маките, смртта, склоноста кон гревот и злото.
5. На кого не преминал прародителскиот грев?
– Единствено не преминал на Дева Марија – Богородица.
6. Дали е можно човек со прародителски грев да дојде во небото?
– НЕ. Никој човек не може да дојде во небото, ако Бог не би се смилувал на луѓето.
7. Како Бог им се смилувал на луѓето?
– Бог им се смилувал на луѓето ветувајќи им Го Спасителот Кој ги избавува од грвот.

********************************

Поради грвот на првите луѓе Бог Го затворил небото. Затоа во стариот завет не можеле да дојдат во небото после својата смрт ниту најсветите луѓе. Не доаѓале ниту во пеколот, туку сите привремено биле во состојбата според своите заслуги (блаженство или казна) чекајќи Го Спасителот и вечниот Суд.

Прародителскиот грев и последиците од него
(Битие гл. 3.)

Се додека не паднале во грев, нашите прародители живееле во потполна хармонија со Бога, потоа со природата и со самите себе. Тие искрено Го сакале својот Создател и доброволно ја исполнувале Неговата света волја. Целата природа им била потчинета, па дури и ѕверовите им се покорувале и ги слушале. Кај првите луѓе, меѓу нивното тело и душа, немало никакви противречија. На овој род и на оваа хармонија, што владееле во човекот и неговата околина, се радувале живо, само не се радувал оној што неможел да љуби и чии стрели отровници биле насочени против се што е убаво и добро, па и против среќниот живот на Адам и Ева.

Така, завидливецот – ѓавол, преправен во змија ја затекнал еднаш Ева сама и ја заговорил, велејќи и: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете плодови од ниедно дрво во рајот?“

-Не е верно, одговорила Ева, ние јадеме плодови од сите дрвја, само не од дрвото за познавање на доброто и злото, зашто во кој час ќе вкусиме од него веднаш ќе умреме.

Иако ѓаволот знаел како гласи точно забраната, сепак прашал и нарочно ја изопачувал вистината, за да го задржи вниманието на Ева и да го продолжи разговорот. Понатаму, тој истапува отворено против Бога и се служи со своето најсилно оружје – лагата, па зборува преку змијата.

-Не, нема да умрете, туку Бог знае дека штом ќе вкусите од плодовите на тоа дрво, вам ќе ви се отворат очите, вие ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што е зло.

На Ева многу соблазнително делувале овие зборови, така што таа со желба погледнала кон забранетиот плод и тој и се сторил многу привлечен. Па без да помисли на заповедта Божја и на последиците од нејзиното прекршување, таа каснала од плодот, а потоа го нашла Адама и тој јадел од него.

Нечестивиот ја постигнал својата зло намерна цел; тој ги прелагал нашите прародители и тие паднале во грев, престапувајќи ја Божјата заповед.

Адам и Ева веднаш ја сетиле измената што уследила кај нив. Место љубов кон Бога, сега чувствувале страв од Него. Го изгубиле душевното спокојство, бидејќи почнала совеста да ги гриза. Разумот нивни не расудувал веќе правилно. Од порано тие знаеле дека Бог се гледа, па сепак сега се обиделе да се сокријат, сметајќи дека Господ нема да ги виде.

Тогаш се чул глас од Бога: „Адаме, каде си?“

Тресејќи се од страв, Адам срамежливо одговорил: „Тука сум, Господи. Бидејќи сум гол, се сокрив.“

Како невините деца, така и Адам, пред паѓањето во грев, не се срамувал од својата природа. Кога дошол до „сознание“ тогаш почнал да се срамува, бидејќи веќе не бил она што и порано.

Бог се гледа и се знае. Тој знаел дека првите луѓе згрешиле, но пак прашал: „Кој ти рече дека си гол? Да не си јадел од забранетиот плот?“

Овие зборови звучеле како родителска опомена со цел да го предрасположат Адама на каење, но тој, место да се кае и да бара прошка, почнал да се оправдува, префрлајќи ја вината на Ева. Бог и неа ја прашал зошто го направила тоа, а таа се оправдувала, велејќи: „Змијата ме прелага.“

Тие место да се покајат, почнале да се оправдуваат и вината на други да ја префрлуваат, макар што заповедта им била добро позната и јасна. Поради ова била изречена справедлива Божја пресуда на сите учесници во гревот.

Прво била проколната змијата, а преку неа ѓаволот. Зборовите: „Семето на жената ќе ти ја сотре главата“ (1.Мој.3,15), се однесуваат на клеветникот – ѓавол, а воедно го изразуваат и Божјото ветување дека ќе испрати Спасител, роден од жена, Кој ќе ја уништи силата на ѓаволот и ќе ги спаси луѓето од гревот. Ова ветување на Бога со векови ја поддржало надежта во душите на грешните луѓе, очекувајќи Го Спасителот на светот.

На Ева Бог и рекол дека со болки ќе ги раѓа своите чеда, а на Адам дека со пот на челото понатаму ќе го заработува својот леб.

Потоа, првите луѓе биле прогонети од рајот. Оттогаш тие преку целиот свој живот жалеле за изгубеното блаженство, т.е. поради неможноста да бидат во непосредна близина на Бога.

Адам и Ева немале мир во душата. Меѓу нивното тело и душа започнала борба. Душата пак тежнеела кон својот извор – Бога, но телото влечело кон земјата. Болките и страдањата биле постојано присутни. Стравот од смртта не им давал мир.

Последиците од првиот грев се чувствувале не само кај човекот, туку и во целата природа. Земјата била проколната. Животните постанале непокорни, а некои од нив и опасни за човекот.

Гревот оставил печат не само на Адам и Ева, туку и на нивното потомство. Под името првороден грев тој се пренесува од поколение на поколение. Од овој грв ние се ослободуваме преку светото Крштевање, но не сме слободни и од неговите последици. Имено, нашата природа е наклонета кон зло и затоа постојано не следат страдања, а и од смртта никој од нас не е поштеден.

Сепак не треба да очајуваме. Иако нашите дарби се помрачени, сепак човекот не изгубил можност да прави избор меѓу добро и зло. Исто така, совеста не ја изгубила сосема способноста да го разликува доброто од злото. Со благодатните средства што ни ги дал Господ Исус Христос ние можеме да се бориме против гревот и да го победуваме. А кога ќе згрешиме. Тогаш искрено да се каеме, сознавајќи дека нема грев што може да ја надмине Божјата милост.

ЗАПОМНИ:

ОД ПРАРОДИТЕЛСКИОТ ГРЕВ СЕ ОЧИСТУВААТ СИТЕ ЛУЃЕ СО СВЕТОТО КРШТЕВАЊЕ.

 

ГОЛЕМОТО БОЖЈО ВЕТУВАЊЕ

Час 13.

Бидејќи Бог е праведен, требаше да го казне гревот, што го направиле прародителите. Но Бог е многу добар, Бог е љубов. Му се смилил на човекот кој бил паднат во гревот. Не сакал потомците на прародителите да бидат несреќни, и да ја изгубат целата вечност заради гревот. За да ги утеши и спаси, им Го ветил Спасителот.

Еден ден ќе им Го испрати Спасителот на замјата. Кој ќе го победи сотоната (ѓаволот), кој им нанесува толку зло на луѓето. И ќе им го врати на луѓето изгубеното небо, кое го изгубиле заради гревот.

Спасителот веќе оддамна дојде меѓу луѓето. Името Му е: ИСУС ХРИСТОС. Луѓето долго Го чекале Спасителот. Пред Божиќ, во Божиќниот пост се потсетуваме како луѓето го чекале Спасителот.

ЗАДАЧА:

– Никој не би можел да дојде во небото без Спасителот Господ Исус Христос.

ЗАПОМНИ:
СЕ ШТО БОГ ВЕТУВА, СЕ СЕ ИСПОЛНУВА, ЗАТОА ШТО БОГ Е ЉУБОВ, БОГ Е ВИСТИНА, БОГ Е БОГ.

 

АНГЕЛОТ ГО ОБЈАВУВА
РАЃАЊЕТО НА СПАСИТЕЛОТ

Час 14.

Бог го испратил Ангелот Гаврил во галилејскиот град Назарет, при една девица, која се викаше Марија.

Ангелот дошол при Марија и и рекол: „Радувај се Маријо, благодатна. Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените“. Кога Марија ги слушнала тие зборови се исплашила. И и рекол Ангелот: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. Ќе родиш Син. Стави Му име Исус. Тој е Син Божји и царството Негово нема да има крај“. А, Марија го прашала Ангелот: „Како ќе биде тоа?“ Ангелот и одговорил: „Тоа ќе биде по силата на Светиот Дух“. Тогаш Марија пак рекла: „Еве ја слугинката Господова, нека ми биде по зборовите твои“.

ЗАДАЧА:
1. Кој е Исус Христос?
– Исус Христос е ветениот Спасител на Адам и Ева. Второто Божјо Лице. Единородниот Син Божји. Вистински Бог и вистински човек, Кој заради нас луѓето стана човек.
2. Зошто Исус Христос стана човек?
– Исус стана човек, со Својот човечки пример и наука за да ни го покаже патот на спасението и до небесниот Отец, а со Своите маки и смрт да не откупи од гревот.
3. Што и објави Ангелот на Дева Марија?
– Ангелот и објави на Дева Марија дека ќе стане Мајка на Спасителот на Господ Исус Христос – Синот Божји – БОГОРОДИЦА

Дева Марија понизно и доброволно се согласила да биде Мајка на Спасителот. Со тоа, таа постанала и Мајка на сите откупени луѓе. Тоа се случило преку силата на третото Лице Божјо – Светиот Дух. Кога Дева Марија се согласила да биде Мајка на Исуса Христа, Синот Божји стана човек. Оваа вистина се вика Овоплотување на Синот Божји. Ние се потсетуваме на овој голем настан на празникот Благовештение или Благовец (7. Април).

ЗАПОМНИ:
Секој ден каде и да си, кога ќе ја чуеш камбаната како бие – прекрсти се и помоли се на Господа, наутро, напладне и навечер.
Името Исус – значи Спасител или Искупител!
Името Христос – значи Месија или Помазаник!

 

РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО

Час 15.

Царот Август издал заповед за попис на сите жители во неговото царство. Секој требало да се пријави таму каде што живееле нивните прадедовци.

Марија и Јосиф, и двајцата потекнувале од Витлеем градот на царот Давид, морале таму да отидат, бидејќи и двајцата потекнувале од ист род, родот на царот Давид. Во тоа време градот Витлеем бил исполнет со премногу туѓинци, па затоа никаде не можеле да најдат место, каде да преноќеваат. Затоа отишле надвор од градот во една пештера. Таа пештера ја користеле пастирите како трло за своите овци. Таму се родил ветениот Спасител, Исус Христос. Марија, мајката Негова, Го повила во пелени и Го положила во јаслите.

Во околината на Витлеем не далеку од оваа пештера, пастирите ги чувале своите стада. И оддеднаш ги осветлило силна светлина и им се јавил Ангел Божји (застанал меѓу нив) во присуство на многу други ангели. Пастирите многу се исплашиле. Ангелот им рекол: „Не плашете се! Ви јавувам голема радост. Денес, во градот Давидов ви се роди Спасителот, Кој е Христос Господ и еве ви знак: ќе најдете повиено Дете во пелени, положено во јасли“.

Во тој момент се слушнал ангелско пеење, кои Го славеа Бога: „Слава во висините на Бога, а на земјата мир меѓу луѓето добра волја“.

Кога си отишле ангелите од нив, пастирите си рекле меѓу себе: „Да одиме во Витлеем и да видиме што се случило таму“. Дошле брзо и Го нашле Детето со Марија и Јосиф. Пастирите им раскажале што виделе и чуле од Ангелите Божји.

ЗАДАЧА:
1. Како Синот Божји станал човек?
– Синот Божји станал човек така што земал душа и тело, како што имаме и ние луѓето.
2. Каде се роди Исус Христос?
– Во Витлеем, мало градче во Палестина.
3. Кој е татко на Исус Христос?
– Таткото на Исус Христос е Бог Отец.
4. Која е мајка на Исус Христос?
– Пречистата Дева Марија. Таа е Богородица.
5. Кога го славиме Рождеството Христово?
– На Божиќ – Христос се роди.
6. Пред колку години се роди Исус Христос?
– Пред толку години, колку што сега пишува на календарот (годините ги сметаме од Христовото раѓање).

 

МУДРЕЦИТЕ ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

Час 16.

Во една земја на Исток, мудреците забележале на небото нова и чудна ѕвезда. Тие знаеле, дека оваа ѕвезда го означува раѓањето на ветениот Спасител.

Веднаш тргнале на далечен пат со камили за Ерусалим. Кога пристигнале во градот Ерусалим се распрашале: „Каде е новородениот Цар Јудејски, кој се роди неодамна? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да му се поклониме“.

Кога ја чул оваа вест царот Ирод многу се исплашил (се плашел за својот престол, дека повеќе не ќе може да биде еврејски цар).

Ги повикал кај себе сите еврејски првосвештеници и ги прашал: „Каде треба да се роди Христос?“ Кога од нив дознал, дека ветениот Спасител Исус Христос треба да се роди во Витлеем, тајно ги повикал мудреците и им рекол: „Кога ќе Го најдете Детето, јавете ми, за да одам и јас да Му се поклонам“.

Мудреците веднаш тргнале на пат и Го нашле Детето со Мајка Му Марија. Му се поклониле и Му ги дале своите дарови: злато, ливан и смирна. Но при Ирода не се вратиле бидејќи во сон Бог им јавил дека Ирод сака да Го убие Детето. Си заминале по друг пат во својата земја.

Ангелот Господов му се јавил и на Јосиф во сон и го предупредил, дека Ирод сака да го убие Исуса. Јосиф веднаш станал, ги зел Исуса и Мајка Му Марија и отишле во Египет. Дури по смртта на Ирода се вратиле во Назарет.

ЗАДАЧА:

1. Кој после пастирите дошол да му се поклони на Исус?
– Дошле да му се поклонат мудреците од далечниот Исток.
2. Како дознале мудреците, дека се родил Исус Христос?
– По чудната ѕвезда која им се покажала на Исток.

ЗАПОМНИ:
За Божиќ исповедај се и причести се. Посети ги болните и немоќните. Помагај им на сиромасите. Примај секогаш туѓинци во својот дом. Гладните нахрани ги и жедните напој ги. Биди добар со сите луѓе на светот и сакај ги сите. Тогаш Христос ќе биде секогаш со тебе.
Светиот Јосиф беше само хранител (закрилник) на Исус Христос и Неговата Мајка.
Господ Исус Христос со Дева Марија и свети Јосиф заедно ги викаме Свето Семејство.
Секое Православно семејство, треба со светост да гледа на своето семејство и секогаш да го зема за пример Светото Семејство и нивниот живот.

 

ЧЕТИРИСЕТИОТ ДЕН ОД РАЃАЊЕТО НА
ИСУС ГО ДОНЕСОА ВО ХРАМОТ

Час17.

Кога Исус имал 40 дена, Неговата мајка Марија и свети Јосиф Го донеле Младенецот Исус во Ерусалим да Го претстават пред Бога. И го принесоа во храмот својот дар: две гулапчиња и две гугутки, како што е речено во Законот Господов.

Во тоа време во Ерусалим живеел еден многу стар и набожен човек по име Симеон. Тој бил праведен и благочестив и ја очекувал утехата ветена од Бога – Спасителот. Нему, Светиот Дух му беше рекол дека нема да виде смрт се додека не го виде Спасителот. И дојде по вдахновение во храмот. Кога Дева Марија и свети Јосиф беа Го донеле Младенецот Исус во храмот, дошол и Симеон, веднаш Го препознал ветениот Спасител. Тогаш, Симеон Го зел Исуса во своите раце, му благодарил на Бога и рекол: „Сега мирно ќе умрам, зашто Го видов Спасителот на светот“. А, на Дева Марија и рекол дека таа ќе се ожалости, зашто луѓето ќе Го прогонуваат Исуса.

Во исто време живееше во Ерусалим и една старица, која се викала Ана. Таа често доаѓала во храмот, секогаш постела и се молела на Бога. И таа била во храмот, кога Го претставиле Исуса. Среќна што Го видела Исуса, Му заблагодарила на Бога, а на луѓето им проповедала дека веќе дошол Спасителот.

ЗАДАЧА:
1. Што знаеме за Исуса кога имал 40 дена?
– Тогаш Дева Марија и свети Јосиф Му Го претставиле Исуса на Бога во Ерусалимскиот храм.

ЗАПОМНИ:
И тебе мајка ти те претставила на Бога кога имаше 40 дена од твоето раѓање. Те однесе в црква на молитва. Затоа секогаш биди Божјо дете. Исус Христос е светлина, која Го осветлува секој човек.
На празникот Сретење Господово, се потсетуваме на Христовото претставување во храмот Божји.

 

КАКО ЖИВЕЕШЕ ИСУС ВО НАЗАРЕТ

Час 18.

По враќањето на Светото Семејство од Египет, Исус живееше во Назарет се до 30-тата година од Својот живот. Со Своето добро поведение, на родителите Им бил голема радост. Заедно со нив се молел на Бога и работел. Помагал во домашните работи, а на св. Јосиф во дрводелскиот занает.

Во светите денови сите троица оделе во храмот. Таму се молеле на Бога, пееле химни и читале од книгите на Пророците.

Исус им бил мил на сите, сите луѓе го сакале, и Тој ги сакал сите нив. Своите другарчиња за време на игрите ги поучувал, како треба да бидат учтиви, послушни и добри. Меѓу нив биле и такви деца кои се карале и тепале, имало и такви кои бестрамно говореле и лажеле, а и такви кои краделе. Кога тоа Го гледал и слушал Исус, многу страдал и вака им зборувал: „Бог се гледа и слуша. Па како можете така да правите и да зборувате?“

Во тоа време уште немало печатено книги, но и тогаш децата учеле. И во тоа Исус им давал добар пример на своите другарчиња. Тој како Бог се знае, не требало да учи. Со задоволство им помагал на другите. Бил послушен, сите Го сакале и милувале. Према секого бил добар и благ.

Исус живеел во Назарет, како и сите добри луѓе. Луѓето мислеле за Него дека е “син на дрводелец“. Не знаеле дека Исус е Син Божји.

ЗАДАЧА:
1. Каде порасна Исус Христос?
Во Назарет. Тука живеел до Својата 30-година од животот.
2. Каков пример дал Исус Христос во Назарет
Дал пример на послушност, молитвеност и љубов кон работата.

ЗАПОМНИ:
Моето ветување:
И јас ќе Го следам Исуса,
Ќе ги слушам родителите и учителите,
Ќе ги почитувам постарите луѓе,
Ќе им давам добар пример на своите другарчиња.

 

12 – ГОДИШНИОТ
ИСУС ВО ХРАМОТ

Час 19.

Пречистата Дева Марија и свети Јосиф, секоја година на празникот Пасха оделе во Ерусалим во храмот. Кога Исус бил на 12 години и Тој отишол со своите родители во Ерусалим.

Откако завршило празнувањето Пресвета Дева Марија и свети Јосиф се враќале дома во Назарет. Но, забележале дека, Исус не бил во нивната група. Го побарале меѓу децата кои биле на патот од други групи, но и таму Го немало. Многу се исплашиле. Исус останал во Ерусалим. Се вратиле во Ерусалим да Го бараат.

Третиот ден од нивната вознемиреност Го нашле во храмот како седи меѓу учителите, ги слушал, ги прашувал и им одговарал на нивните прашања. Сите што Го слушале се восхитувале од Неговата мудрост.

Потоа се вратил Исус со Своите родители во Назарет и бил послушен. Напредувал во мудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и пред луѓето.

ЗАДАЧА:
1. Во кои денови треба да се оди в црква и на служба Божја?
– Во сите недели и задолжителни празници. Кој во недела или во задолжителен празник без причина и по своја вина не оди во црква и не присуствува на света Служба, прави тежок грев.
2. Што правиме на светата Служба Божја?
– На светата Служба Божја учествуваме во пеењете и во молитвите.

ЗАПОМНИ:
Една света Служба Божја повеќе чини од сите богатства на светот! Затоа: секоја недела и задолжителен празник оди со родителите во црква и побожно слушај, пеј ги химните и моли се за време на светата Служба Божја.

 

КРШТЕВАЊЕТО НА
ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА

Час 20.

Меѓу другите, кај свети Јован на реката Јордан дошол и Господ Исус Христос, за да биде крстен. Штом Го видел, свети Јован Го посочил на народот, велејќи: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зема гревовите на светот врз себе“. Овие зборови не ги кажал од себе, а му биле влеани од Бога и преку нив пророкот ја претскажал суштината на Христовата проповед и служба. Имено, дека Спасителот не доаѓа да господари и да задобие слава, туку да служи и да страда заради нашите гревови.

Кога Господ Исус Христос се приближил и ја кажал Својата намера, тогаш свети Јован Го запирал и Му рекол: „Јас треба да бидам од Тебе крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?„ Спасителот одговорил: „Остави го сето тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“. Свети Јован увидел дека не треба да се противи и Го крстил Исуса.

За време на крштевањето на Господа Исуса Христа, се отвориле небесата и Светиот Дух во вид на гулаб слегол врз Него, се чул глас: „ОВОЈ Е МОЈОТ ВОЗЛЈУБЕН СИН И НА НЕГО Е МОЈАТА МИЛОСТ“.

Овој голем настан во нашиот народ се празнува под името ВОДИЦИ, затоа што со влегувањето во реката Јордан Господ Исус Христос ја осветил водата. Во спомен на овој настан и денес се свети вода и Богојавленската осветена вода се чува во храмот и во православните домови цела година, таа вода не се расипува. Светото Богојавление (Водици) се празнува на 19 Јануари. Следниот ден 20 Јануари е посветен на големиот Божји праведник свети Јован Крстител.

ЗАДАЧА:
1. Кој Го крстил Господ Исус Христос?
– Господ Исус Христос Го крстил свети Јован Крстител.
2. Каде беше крстен Господ Исус Христос?
– Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан.
3. Што се случи за време на Исусовото крштевање?
– За време на Исусовото крштевање се појави СВЕТАТА ТРОИЦА – БОГ ОТЕЦ, БОГ СИН И БОГ СВЕТИ ДУХ.
4. Колку години Господ Исус Христос имаше кога се крсти?
– Господ Исус Христос беше 30 години, кога се крсти.
5. Што правеше Господ Исус Христос после крштевањето?
– Господ Исус Христос ги поучуваше луѓето и ги лекуваше.

СВЕДОШТВО ЗА ИЗГЛЕДОТ НА
ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Почитувани читатели, драги мои пријатели и православни верници, сигурно ќе ве интересира ова писмо, упатено до Римскиот Император незнабожецот Публие Лентуло, од намесникот на Јудеја (претходникот на Пилат) кој како современик Го опишува Исус Христос и Неговите морални особини.

Ова писмо е преведено од латински, а оригиналот и денес се чува во семејството Цезарини во Рим и тоа гласио:
„Чув Цезаре, дека сакаш да знаеш она за што сега ти пишувам: Овде се наоѓа човек, кој живее правејќи големи добрини, се вика Исус Христос. Народот Го нарекува пророк, а неговите ученици Го сметаат за божество.

Велат дека е Син на Бог, творец на небото и на земјата и на сето тоа што на неа има и биднува. Навистина Цезаре, секој ден се слушат чудни работи за овој Христос: дека лекува болни само со допир од својата рака и воскреснува мртви само со еден збор.

Тој е човек со среден раст и убава става. Изгледот Му е благ и достоен за почит. Косата Му прилега на бојата на зрел лешник, во кадри Му паѓа преку ушите и со бескрајна милина Му ги преклива плеќите, ја носи со патец по средината на темето – на назаренски начин. Челото Му е високо и чисто. Образите Му се симпатично румени. Носот и устата Му се совршено правилни. Брадата Му е густа, на средината разделена. Очите Му се убави и сјајни како сончевите зраци и никој не може право да Го гледа, поради светлината.

Укорува со величественост и опомените Му се полни со благост. Кога зборува или твори секогаш тоа го прави со милина и сириозност. Никогаш не Го виделе да се смее, ама Го виделе да плаче.

Многу е мудар, умен и многу скромен. Со еден збор, тоа е човек Кој со Својата големина и телесна убавина и Своите божански предности ги надминува синовите човечки.

Со наука Го восхитува целиот Ерусалим. Тој никаде ништо не учел, а ги знае сите науки. Оди бос и гологлав. Мнозина Му се потсмеваат, ама во Негово присуство треперат и се чудат.

Велат дека таков човек никогаш не е ни виден ни чуен во овие предели. Многу Евреи Го сметаат за божество и Му веруваат, а други го тужат кај мене како да е противник на Твоето Величество Цезаре.

Тој никогаш и никаде никому не сторил зло, прави само добро. Сепак Твоето Величество Цезаре сум готов да го слушам и како ми наредиш ќе биде извршено.

Здраво,

Во Ерусалим, седма индикција месец единаесетти. На Твоето Величество најверен и најпослушен слуга“.

Намесник: Публие Лентуло

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

Подготви
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада