




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ПОСТОТ
Драги мои пријатели, браќа и сестри, Да се потсетиме во времето на Божиќните пости.
Тие, штом ќе забележат некој христијанин, а особено монах, како се труди и напредува во духовниот живот, веднаш се обидуваат да го нападнат на неговиот пат преку соблазни со лоши помисли. Но, не треба да се плашиме од овие напади, бидејќи молитвите, постот и верата во Господа веднаш ги прогонуваат нашите духовни непријатели. Меѓутоа, иако победени, тие не мируваат, туку веднаш настапуваат со други искушенија и итрини. Кога не можат да го измамат срцето со нечисти желби, тогаш напаѓаат на друг начин: се обидуваат да не плашат со разни привиденија се преправаат во вид на жени, зверови, лазачи, џинови и многубројна војска. Но и од овие привиденија не треба да се плашиме, зашто и тие се ништо: штом се оградиме со вера и со крсниот знак тие веднаш бегаат. Впрочем, тие се дрски и крајно бесрамни. Бидејќи, ако и тогаш бидат победени, тие одново нѐ напаѓаат на друг начин: се преправаат како пророци и претскажуваат што ќе се случи по неколку дена. На тој начин сакаат да ја покажат својата големина, па, ако некого не можеле да го измамат со помисли, се трудат да го уловат на овој начин. Но ние не треба да ги слушаме демоните, кои се наши непријатели; не треба да ги слушаме дури и тогаш кога нѐ поттикнуваат да се молиме и да постиме, туку нашето внимание треба да биде свртено кон целтта на нашето подвижништво. Тогаш нема да бидеме измамени од нив, кои прават сѐ со итрина и лукавост. Од нив воопшто не треба да се плашиме, без оглед на тоа како и да не напаѓаат, дури тогаш кога ни се закануваат дека ќе не умртват, зашто тие се немоќни, тие само не заплашуваат и ништо повеќе не можат да ни направат.
Сета наша грижа треба да биде повеќе за душата, отколку за телото; на телото треба да му посветуваме само малку време само за она најнеопходното, а сето друго време треба да и го посветуваме на душата и да ја бараме нејзината корист, така што таа да не тежнее по телесните уживања, туку да го држи телото во ропска покорност. Токму ова го означуваат и Христовите зборови: “Немојте да се грижите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете” (Матеј 6, 25). “Не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте! Сето тоа го бараат и незнабошците во овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно. Ho, бapajтe го царството Божјо, и сето тоа ќе ви биде придодадено!” (Лука 12, 29-31).
Обработи
Отец Митко Попоски 2022