




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM III
Преподобен Теодор
Кратки податоци за неговиот живот
Претстојното умозрително слово треба да заземе достојно место во низата на другите аскетски списи според мудрото толкување на внатрешните појави во нашиот духовен живот и поуките, кои треба да бидат извлечени за подвижниците.
Не се знае кој бил авторот на овој спис. Во самиот наслов на списот се вели дека авторот е преподобниот Теодор. Но кој бил тој, не е познато. Составувачите на грчкото Добротољубие, гледајќи дека во ова Слово има слични мисли со оние што се содржани во Стоте глави на свети Теодор Едески, му го припишувале и овој спис нему и токму по овој негов спис во својот зборник го поместиле и ова Соѕерцателно слово. Ho, преосвештениот Филарет Черниговски, во својот спис (Учењето на светите отци 277, 10), пишува, дека ова Слово не може со сигурност да му се припише на свети Теодор Едески. И навистина, и самото Слово не дава сигурни покажувања за вакви тврдења.
Па затоа, оставајќи му можност и слобода на секого да го смета или да не го смета свети Теодор Едески како автор на овој спис, сметајќи го неговото читање корисно за сите, кои бараат духовна полза во ваквите четива, и ние, следејќи го примерот на грчкото Добротољубие и неговите составувачи, го вместуваме овој спис, исто така, веднаш по Стоте глави-корисни за душата од свети Теодор Едески.