




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM III
Преподобниот отец свети авва Филимон
Кратки податоци за неговиот живот
Во кое време живеел преподобниот наш отец Филимон, којшто бил еден од најбогоносните, најтрезвените и солзносокрушените духовни учители, немаме податоци.
Но дека бил еден од најбогоугодните и најопитните, дека го сакал безмолвието повеќе од сите духовни старци, како вистински подражавател на свети Арсениј Велики, – ова можат да го видат оние што ќе го прочитаат ова слово за него. Зашто, пребивајќи трпеливо дење и ноќе во молитви и моленија во својата пустинска пештера, секогаш, плачејќи со постојани солзни извори, со својот сладок плач се измивал себе, се издигнувал над сѐ што е земно и телесно, се издигнувал високо со своето богољубиво и духовно соѕерцание – стоел секогаш како глув и нем пред Бога, и се удостоил со пречудното просветување со Божјата благодат.
Од ова се озарил како од сончевиот болскот – во своето потполно безмолвие и молчење. Овој секогаш споменуван духовен отец – се обогатил со дарот, не само да размислува, и да расудува, туку и да предвидува. Сведок за ова е писателот на овој Расказ за него, во кој ни се предава неговото мудро учење за светото трезвение, како од неговата дејствителна, така и од неговата соѕерцателна страна, засновани на долговремениот негов личен опит. Затоа, оној што сака да ја отфрли од себе нечистата и одвратна облека на страстите, како и оној, кој го соблекол од себе стариот човек и се облекол во светлата облека на бестрасноста и благодатта, или во новиот човек во Исуса Христа, тој, поучувајќи се често во ова учење на духовниот старец свети авва Филимон, кое бива полесно сфаќано доколку се исполнува на дело, лесно ќе го постигне тоа што го сака.
Обработи,
О.М.П. 2022