www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,608,490
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Преподобен Авва Исаиј

19. За страстите

Слово на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици
19. За страстите

1. И јас имам желба да кажам заедно со пророкот Исаија: “Долго молчев Јас, трпев и се воздржував; сега ќе викам како родилка, ќе се разбревтам и ќе голтам сѐ” (Иса. 42, 14). Ако сознаеш дека во тебе извира изворот на Светиот Дух, тоа ќе ти биде знак дека во тебе се исушиле и изгинале страстите, како што говори Спасителот: “Царството Божјо не доаѓа забележливо, ниту, пак, ќе се каже: ‘Еве, овде е’ или: ‘Еве, онде е’. Зашто царството Божјо е во вас внатре” (Лука 17, 20-21). Има некои, кои говорат за делата на царството, но не ги прават; а има и такви, кои ги прават делата на царството, но не го прават тоа со внимание и со разум, во нив не се исполнил зборот на Спасителот дека е тоа “внатре” во нив. Ваквите се малкумина; тие ретко и тешко можат да се најдат. На нив слегнал Светиот Дух Божји и на нив се исполниле зборовите од Светото Евангелие според Јована: “На сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји: кои не се родија од крв, ни по желба на телото, ниту од похот машка, туку од Бога” (Јован 1, 12-13). Тие се избавиле од жалоста, што ја постигнала Ева: “А на жената ѝ рече: ‘Кога ќе бидеш бремена, ќе ти ги умножам и преумножам маките; со болки ќе раѓаш деца’“ (1. Мој. 3, 16). Тие се избавиле од тешката пресуда, што била изречена на Адама: “Бидејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот” (1. Мој. 3, 17). Тие се оние што ја примиле радоста, која ја примила и Света Дева Марија: “Светиот Дух ќе слегне на тебе” (Лука 1, 35). Како маката што ја постигнала Ева и што ги постигнува тие од нејзиното семе дури до денес, така и радоста ја опфатила Ева и ги опфаќа оние од нејзиното семе досега. И како што сме биле некогаш синови на Ева и сме го чувствувале нејзиното проклетство врз себе преку нашето раѓање од Бога, преку помислите од Светиот Дух и преку Христовите страдања, ако се тие всушност и во нашето тело, зашто светиот апостол Павле пишува: “Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас?” (2. Кор. 13, 5).

2. И така, кога сме ја имале сликата на земниот човек, ние сме сознавале дека сме синови на неговите помисли од материјата без чест, кои живеат во нас – а тоа се страстите. А оние што се облекле во ликот на Небесниот, тие се сознаваат како Негови синови, преку Светиот Дух, Кој живее. Така и светиот пророк Исаија, говори: “Бевме трудни, се мачевме, но родивме само ветар; спасение не ѝ донесовме на земјата, и други жители во вселената не се појавија”. (Иса. 26, 18). А во книгата Проповедник е напишано: “Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава сѐ” (Проп. 11, 5). Зашто како “што Света Дева Го носела телесно во својата утроба, така и оние, кои ја примиле благодатта на Светиот Дух – Го носат во своето срце, според зборовите на светиот апостол, кој говори: “Да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, та вкоренети и утврдени во љубовта, да можете да разбирате со сите светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина” (Ефес. 3, 16-18); да можеме да застанеме заедно со сите светии, како што и: “таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не нас” (2. Кор. 4, 7).

3. И така, ако си дошол дотаму, та можеш да ги изговараш овие зборови: “Сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како од Духот Господов” (2. Кор. 3, 18), на тебе се исполниле зборовите на светиот апостол, кој говори: “Мир Божји да владее во срцата ваши” (Кол. 3, 15) и уште: “Ако, е пак, Христос во вас, телото е мртво за грев” (Рим. 8, 10). А, ако си дошол дотаму, а за што говорат и следните зборови: “Koj некогаш заповеда ‘од темнината да изгрее светлина’, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло” (2. Кор. 4, 6), на тебе се исполниле и овие зборови на Спасителот наш Господ Исус Христос: “Нека ви биде половината препашана и светилата – запалени! Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука” (Лука 12, 35 – 36), за да не биде затворена твојата уста, немајќи што да каже за свое оправдание среде светиите; ако знаеш дека во твојот сад има елеј, како кај мудрите девојки, за да влезеш во свадбениот дом и да не бидеш оставен надвор; ако си почувствувал дека се соединиле беспрекорно твојот дух, душата и телото и дека ќе воскреснат во денот на нашиот Господ Исус Христос ако твојата совест не те опоменува и не те изобличува е чиста, ако си станал како дете според зборовите на Спасителот, Кој говори: “Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно” (Матеј 19, 14). Тогаш навистина си станал Негова невеста и Светиот Дух те вовел во тоа наследство и додека си уште на земјава – во твоето тело. А, ако не е така, тогаш очекувај офкања горчливи и големи страдања; а пред тебе ќе врват поругата и срамот кога ќе се јавиш пред светиите.

4. А знај дека и ти треба, како секоја свршеница, кога станува од спиење секое утро, не се фаќа за ништо друго, пред да се украси за својот свршеник, гледајќи се често во огледало и се прашува дали ќе му се допадне на својот свршеник. Така се грижат и светиите дење и ноќе, се прашуваат дали нивните дела и помисли се добри и сакаат да знаат дали се под товарот на Бога и на Светиот Дух или не.

5. Па така, подвизувај се усрдно, брате, во страдањата на срцето и на телото, со разум, за да ја добиеш онаа вечна радост, зашто ретки се оние што се удостоиле со неа, кои го добиле духовниот меч и ја ослободиле својата душа од чувството на секоја страсна нечистотија, како што рекол апостолот (2. Kop. 7, 1; Ефес. 6, 17). Но Бог е силен да ѝ помогне на нашата немоќ, за да се удостоиме да бидеме со Неговите светии. Амин.

 

Преведе
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада