www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,665,903
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


БЕСМРТНОСТ НА ДУШАТА

НОВОЗАВЕТНО СВЕДОЧЕЊЕ ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА

 

Откако видовме мал осврт во Стариот Завет за сведочење и за наше потсетување во однос на тоа како не учи за бесмртноста на душата, во ова образложение кое ќе следи ќе се обидам да го образложам потсетувањето и сведочењето на Новиот Завет со поучувања, почнувајќи од Евангелијата и продолжувајќи со текстови кои ќе следат.

Една од најизразитите изјави која се однесува на таа тема ја даде самиот Христос, која веќе беше спомната во сведочењето од Стариот Завет. Христос вели: „Бог не е Бог на мртвите, туку Бог на живите“ (Мат 22:32). Како и во Евангелието според Марко (12:27); Во Евангелието според Лука, истата форма се појавува целосна: „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи“ (Лука 20:38). „Сите“ овде очигледно ги вклучува и оние што ги нарекуваме „мртви“.

За оваа тема е важен и пасусот од Евангелието кој се зборува за ќерката на старешината на синагогата. Таа умрела, а Исус и ја вратил нејзината душа во нејзиното тело, и таа веднаш станала (Лука 8: 49-56). Описот за нејзе вели дека Христос ја оживеал заповедувајќи на нејзината душа да се врати во нејзиното тело. Тоа очигледно значи дека душата не била повредена од смртта туку преживеала, која е бесмртна.

Уште поизразено е Евангелското сведочење за бесмртноста на душата кога на Преображението Христово на планината Тавор. Христос се искачил на тој рид во придружба на тројца свои ученици: Петар, Јаков и Јован и се преобразил во нивно присуство. Евангелистот Матеј вели: „И лицето Неговото (Христово) светна како сонце, а алиштата Негови станаа бели како светлина“ (Мат. 17; 2, спореди со Марко 9; 2). Продолжувајќи да го раскажува овој настан, евангелистот вели дека: „им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него“ (Мат. 17: 3).

Овој настан, живописно е прикажан на традиционалните православни икони и фрески. Христос е претставен со тоа што сликовито во присуство е со Мојсеј и Илија. Додека тројцата Негови ученици се понастрана, на падината паднати на земја, збунети и во незгодни позиции.

Мојсеј се упокоил многу векови пред овој настан, додека Илија мистериозно физички бил вознесен на небото, исто така многу векови пред Преображението. Тој настан е еден од најчудните настани забележани во Новиот Завет. Присуството на пророкот Илија не може да се земе за сведоштво за бесмртноста на душата, бидејќи се знае дека неговата душа сеуште е во телото. Меѓутоа, кога станува збор за пророкот Мојсеј, нема сомнеж дека неговата душа е присутна, затоа што ја напуштил земјата умирајќи. (Забележано е дека Илија бил физички вознесен на небото со огнена кочија). Во Книгата Второзаконие е запишано: „И умре таму Мојсеј, слугата Господов, во земјата Моав, според зборот Господов“ (5. Мојсеева 34: 5). Појавата на душата на овој пророк, кој разговарал со Исус, многу векови после неговата смрт, јасно сведоштво е дека душата е бесмртна.

Христовата парабола за богатиот човек и Лазар е непосредна потврда за бесмртноста на душата од страна на самиот Христос. Приказот е вака: „Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше. А еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти, кој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови. Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа. И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во неговите пазуви. Тогаш тој извика и рече: ‘Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го накваси врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!’ Но Авраам рече: ‘Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не преминуваат кај нас.’“ (Лк. 16:19-26).

Преку оваа парабола, Христос учи дека кога човекот ќе умре, без разлика дали е грешен или праведен, неговата душа се пренесува во духовна област каде, во зависност од начинот на животот кој го живеал, човекот доживува страдање или радост (Лука 16:22 – 25). Тука Тој, учи дека не преживеала само душата на праведниот Лазар, туку преживеала и душата на грешниот богат човек. Опишано е дека душите постојат во свесна состојба и после смртта, способни да чувствуваат, размислуваат и да се сеќаваат. Христос го нарекува местото каде што оди праведната душа „пазуви Авраамови“; на друго место, тој го нарекува „рај“ (Лука 23:43), додека местото каде што оди грешната душа се нарекува „пекол“ и „место на маки“ (Лука 16:23 и 28).

Има уште еден карактеристичен пасус во кој Христос го спомнува Авраам и кажува за Себе што јасно укажува на бесмртноста на душата. Обраќајќи им се на Евреите, Христос рече: „Авраам, таткото ваш, се радуваше да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува“ (Јован 8:56). Тврдејќи го ова, Христос вели дека душата на Авраам, која живеела во областа на душите, дознала за Неговото овоплотување и животот на земјата и се радувала.

Друг важен Евангелски пасус во кој Христос зборува за живеење на душата дури и по смртта е содржан во настанот од распетието. Во него пишува: „Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: ‘Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас! А другиот одговори, го искара и рече: ‘Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? Ние сме праведно осудени, зашто примаме заслужена казна според нашите дела; но Тој ништо не направил.’ И му рече на Исус: ‘Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Своето!’ А Исус му рече: ‘Вистина, ти велам: денес ќе бидеш со мене во рајот!’“ (Лука 23: 39-43).

Во овој момент, Христовите зборови нè учат дека душите на оние кои искрено и длабоко се покајале одат во рајот.

Веднаш по Евангелијата, во Новиот Завет следат Делата на апостолите. Таа книга му се припишува на апостолот Лука, од чие Евангелие штотуку наведовме цитати. Најзначајниот пасус во Делата на апостолите поврзан со нашата тема е оној што ја опишува смртта на Св. Првомаченик Стефан. Стефан, поради јавното и храбро исповедање на Христовото Евангелие, бил каменуван до смрт. Читаме дека тој, непосредно пред неговата смрт: „Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога, и рече: ‘Еве, ги гледам небесата отворени и Синот човечки како стои од десната страна на Бога.’ Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него. И откако го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле“ (Дела 7: 55-58).

„И додека фрлаа камења врз Стефан, тој повикуваше и велеше: ‘Господи Исусе, прими го духот мој!’ Потоа падна на колена, и извика со висок глас: ‘Господи, не примај им го ова за грев!’ И штом го рече тоа, почина“ (Дела 7: 59-60).

Зборовите на Св. Стефан непосредно пред неговата смрт имал апокалиптичко видение, во кое му било откриено духовното небо, со присутноста Исусова, и почуствувал дека неговата душа, откако ќе се одвои од неговото тело ќе отиде таму.

Апостол Павле, кој исто така имал апокалиптично видение за Небото, ни потврдува за бесмртноста на душата во две свои посланија: во Второто послание до Коринтјаните и во Посланието до Евреите. Во Посланието до Коринтјаните тој вели: „Знаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата“ (2. Кор. 5: 1).

Под „земна куќа, телесен шатор“, Св. апостол Павле, зборува, за физичкото тело. Во следните стихови (6 и 8), тој наместо изразот „наша земна куќа, телесен шатор“, го употребува зборот „тело“ и вели: „ И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, се додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, бидејќи според верата живееме, а не според гледањето. Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ.“ (5; 6-8).

Заменката „ние“ употребена неколку пати во овие цитати ги означува нашите души. „Градба од Бога“, „куќа неракотворна, вечна, на небесата“ зборува за духовното, воскреснато тело.

Иако апостолот прво зборува за тоа тело што душата ќе го добие на крајот од времето, тој потоа продолжува да зборува за животот на душата што започнува веднаш по смртта. Како што забележавме, тој вели дека додека сме во замното тело, ние сме далеку од Господа, но кога сме – или оние меѓу нас кои се праведни – оддалечени од телото, ние живееме со Господа.

Апостол Петар исто така ја истакнува Евангелска потврда за бесмртноста на душата. Во своето Прво послание, тој вели дека Христос, воскресна, слезе и им проповедаше на душите заробени во пеколот: „Бидејќи и Христос, за да не доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, умре по тело, но оживеа со духот. Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа во затворот (пеколот)“ (1. Пет. 3; 18 19).

Она што го кажува Св. Петар јасно ни навестува дека душите на оние, кои го напуштиле овој свет, продолжуваат да постојат и понатаму помеѓу смртта и Сеопштото воскресение; и дека се наоѓаат во свесна состојба, способни духовно да слушаат и духовно да распознаваат.

Од книгата Откровение Јованово, исто така дознаваме дека душите по смртта не само што го продолжуваат своето постоење, туку и поседуваат свест, меморија, мисла и чувство, така што во 6-тата глава читаме: „А кога (Јагнето) го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа и викаа со висок глас, велејќи: ‘До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?’ И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да почекат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие“ (Отк. 6: 9) -11).

Јасно е дека овој пасус се однесува за состојбата на оние души кои претрпеа маченичка смрт поради својата христијанска вера, пред Сеопштото воскресение.

Постои уште еден пасус од Откровението Јованово, кој јасно зборува за постоењето на душата по смртта: „Чув глас од небото како да ми вели: ‘Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!“ (Откровение 14:13).

Овој пасус ни кажува дека душите на починатите продолжуваат да живеат, дека со себе ги носат трагите од своите дела направени до смртниот час и дека ќе бидат блажени оние души кои умреле со вера во Бога и соединети со Него.

Доволно е кажано дека Новиот завет недвосмислено учи дека човечката душа ја надживува смртта.

Таа бестелесна состојба во која душата продолжува да постои, во православната есхатологија се нарекува привремена состојба. По таа состојба, за време на Второто Христово доаѓање, ќе следи воскресението на мртвите, кога душите ќе бидат облечени во духовни тела. По формата ќе биде на лик вештачка, но ќе биде неуништива. И душите на праведните и душите на грешниците ќе живеат засекогаш, облечени во трансформирани, духовни тела. И Стариот и Новиот Завет ни го потврдуваат воскресението на мртвите.

Според Светото Писмо, човечката душа продолжува да живее и по смртта; таа живее во т.н. привремена состојба – а тоа е периодот помеѓу смртта, од една страна и Сеопштото воскресение, од друга страна.

Врз основа на тие пасуси од Светото Писмо што ги цитиравме и дискутиравме, дознаваме дека душата има свој почеток, бидејќи тоа е творба на Бога, Кој е Единствениот беспочетен и несоздаден. Исто така, знаеме дека постоењето на душата не му претходело на постоењето на телото. Доктрината за постоењето на душата како што застапувал Платон не може да се најде никаде во Библијата. Покрај тоа, Црквата го осудила тоа учење, како погрешно. Ориген, еден од најпознатите писатели на првобитната Црква, беше осуден на Петтиот вселенски собор за поддршка на учењето за постоењето на душата.

Известието за создавањето на човекот кое се наоѓа во Книгата Битие, како и во цитатите од Светото Писмо во кои зборуваат за животот после смртта, претставуваат негативност на уште една друга заблуда, заблуда на пантеизмот. Според пантеизмот, сè што постои е дел од Бога. Ова значи дека човечкото тело е дел од телото на Бога – тоа е физичкиот свет и дека човечката душа е дел од душата Божја, односно „светска душа“. Меѓутоа, никаде во Библијата не се вели дека човекот е дел од Бог, и по душа и по тело. За човекот се вели дека е создание на Бога, а не дел од Бога. Исто така, се вели дека човекот е создаден според образот Божји, и таа слика е различна, тоа е нешто друго, во однос на прототип на кој тој е одраз. Иако човечкото создание „според Божјиот лик“ означува многу силна врска помеѓу човекот и Бог, таа врска не подразбира идентитет.

Пасусите од Библијата што ги цитирав и дискутирав се негативни на уште едно учење што во последните години доби многу следбеници во Америка и Европа: учењето за реинкарнација или преовоплотување. Како што видовме, според библиското учење, душата живее и по смртта како бестелесен дух, а по таа состојба ќе следи воскресението – не како низа реинкарнации, т.е. враќање на душата на земјата да се прероди во други физички тела, човечки или животински. Воскресението е единствен настан, кој ќе се случи само еднаш, додека поборниците за реинкарнација учат дека тоа е настан што се случувало, кој се случува и ќе продолжи на неодредено време, па дури и вечност да се повторува. Никаде во Библијата не е забележано такво учење.

Воскресението на мртвите, за кое не учи Светото Писмо, настан е кој не се случил, кој не се случува и ќе се случи само еднаш.

Понатаму, додека учењето за реинкарнација вели дека телата во кои се раѓаат душите на мртвите се физички тела, или човечки или животински, па према тоа се смртни и распадливи. Библиското учење за Воскресението тврди дека воскреснатите тела ќе бидат човечки тела, продуховени, неуништиви и бесмртни.

Уште едно небиблиско, неправославно учење за состојбата на душата по смртта е учењето дека душата, по одвојувањето од телото, паѓа во состојба на вкочанетост и сон. Ова учење го зема зборот „заспивање“, кој збор честопати се појавува во Новиот Завет кога зборува за мртвите, за да укаже на состојбата на душата по смртта. (На пример, кога Христос им зборувал на учениците за смртта на Лазар, тој рекол: „Лазар, пријателот наш, заспал“ (Јн. 11, 11). Меѓутоа, кога зборот „заспива“ се употребува во Новиот Завет означувало смрт, тој збор не се однесува на душата, туку на телото, бидејќи ако човек умре од ненасилна смрт, неговото тело наликува на телото на оној кој едноставно заспал.

Состојбата на душата, по смртта, запаѓа во трајна состојба на сон и несвест, исто така, од страна на Православната црква е осудено како погрешно. На ова се спротивставуваат бројни цитати од Светото Писмо кои веќе ги спомнав. Така, на пример, во пасусот за духот на Самуил, повикан од царот Саул, Самоил зборува како длабоко свесна и разумна личност. Исто така, се спротивставуваат на параболите за богатиот човек и Лазар. Тука е и Авраам – кој е во духовниот свет во друштво на Лазар – и богатиот човек е опишан како особа со полна свест. Тие поврзано размислуваат и зборуваат, исто како што прават будни луѓе во овој живот. Вистински факт дека душата е свесна и по смртта е потврдено во Исусовите зборови, дека духот на Авраам – кој умрел неколку века пред воплотувањето – се израдувал на Олицетворението и на Христовата служба во овој свет. Ќе бидат цитирани и други пасуси во врска со оваа тема.

Учењето на Светото писмо за бесмртноста на душата не е изложено само во пасусите кои зборуваат за нејзиното создавање и постоење и после смртта, туку и во оние кои се однесуваат и на Сеопштото воскресение, бидејќи постоењето на душата, според Библијата, започнува со создавањето, продолжува на земјата во одреден временски период кога е соединета со телото, и после смртта во бестелесна состојба и ќе продолжи вечно по Воскресението.

Цитатите кои зборуваат за Сеопштото воскресение се појавуваат и во Стариот и во Новиот Завет, иако во Новиот завет се зборува многу повеќе. Во Стариот Завет, воскресението се споменува кај Исаија, Езекиел, Даниел и во Книгите на Макавеите. Во Новиот Завет, Христос зборува за воскресението во сите четири Евангелија; св. Павле во Делата на апостолите, во своето Прво послание до Коринтјаните и Првото послание до Солунјаните и Св. Јован во Откровението.

Цитирајќи два кратки пасуси кои учат за Воскресението на мртвите, по еден од секој Завет. Од Стариот Завет, ќе ги цитирам стихови на пророкот Исаија: „Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; зашто Твојата роса е роса на светлина, и замјата ќе ги даде мртовците (Иса. 26:19). Од Новиот завет ќе ги цитирам Христовите зборови: „ зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5; 28 – 29).

Вториот пасус ни кажува дека Воскресението ќе се случи при Второто Христово доаѓање и ќе биде проследено со Сеопштиот суд.

Во „Вистинското излагање на Православната вера“ од Св. Јован Дамаскин се наоѓа овој извонреден пасус што ќе помогне правилно да се разбере природата на воскресението: „Ние веруваме во воскресение на мртвите. Воскресението на мртвите со сигурност ќе се случи. Кога велиме „воскресение“, мислиме на воскресенувањето на телото, затоа што воскресението е уште една реакција на паднатото. Душите се бесмртни и тогаш како можат тие повторно да воскреснат? Смртта е дефинирана како одвојување на душата од телото, додека воскресението е повторно соединување на душата со телото и одново обновување на распаднатото и паднато суштество. Самото телото е распадливо и разложено, и тоа ќе се издигне како неуништливо “.

 

Преведе и обработи
Отец Митко Попоски
Виндзор Канада