




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ја призна Автокефалноста на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската Православна Црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската Православна Црква за автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија, се вели во соопштението на Руската Православна Црква кое го пренесуваме во продолжение:
Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната Црква во “Северна“ Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија како Автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси.
Членовите на Синодот изразија надеж дека најмладите во семејството на Автокефалните Православни Цркви, Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија, цврсто ќе ја зачуваат светата православна вера во чистота и чесност и ќе ја почитуваат верноста на православната канонска традиција.
Учесниците на состанокот, исто така, одлучија да ги известат Неговата Светост Патријарх српски Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, за одлуката на Светиот Синод.
Светиот синод на Руската Православна Црква на седницата на 27 мај (Дневник бр. 43) со благодарност кон Бога ја прифати веста за обновувањето на заедништвото меѓу Српската Патријаршија и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, што се одржа на 16 мај, во статус на автономна Црква, кој и беше доделен во 1959 г. Исто така, беше објавено дека Архиерејскиот собор на СПЦ на 15-21 мај 2022 година, како одговор на петицијата на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, едногласно ја благослови нејзината автокефалност.
На 5 јуни 2022 година, во катедралната црква „Архангел Михаил“ во Белград, Неговата Светост Патријарх Србија Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски Стефан отслужија Божествена Литургија, во сослужение на архиереите на Српската Православна Црква и на Македонска Православна Црква. На крајот од Литургијата, Неговата Светост Патријархот Порфириј, исполнувајќи ја одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква, на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан свечено му го врачи томосот, потврдувајќи ја автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Неговата Светост Патријархот србски – Порфириј, го известил Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија – Кирил, за настанот во писмо од 8 август 2022 година, изразувајќи ја својата желба и барање до Руската Православна Црква „да ја прифати во целосно канонска Црква веќе спомената како најмладата сестринска Автокефална Православна Црква, давајќи пример на овој начин за останатите помесни Православни Цркви“.
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски – Стефан, исто така, испрати писмо од 13 јули 2022 година до Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија – Кирил, во кое го информира за наведените „радосни настани што Бог ја удостоил нашата Помесна Црква“.
КОМЕНТАРИ:
Отец Митко Попоски: Отец Ратомир, честито да ни е признавањето на Автокефалноста на нашата Света Македонска Православна Црква, покрај Вселенската Цариградска Патријаршија, Српската Православна Црква, денес 25 август 2022 и Руската Православна Црква
Прото-ѓакон проф. Д-р Ратомир Грозданововски: Навозљубен во Господа и драг мој прота Митко, да се радуваме и да Му благодариме на Бога, за добрините на Сесветите: Цариградска, Србска, а денес и од Руската Православна Црква. Вот сила Православија! Слава на Бога за се! Срдечни поздрави од преубавата Македонија! Со многу љубов во Господа, прота-ѓакон проф. Д-р Ратомир Гроздановски, со Домашната црква.
Прота Митко Попоски: Господ е голем! Тоа е голема чест и радост, што ете ние нашата Македонска генерација кои го чекавме и го дочекавме на повеќе од 350 годишното исчекување на Автокефалноста на нашата Света Македонска Православна Црква! Радост на Македонскиот народ во Република Македонија и насекаде во светот, која никогаш да не згасне!
Ѓорѓи Танев: Историски настан и Русија даде поддршка за нашата Македонска Православна Црква, голема благодарност!
Јагода Максимовска: браќа и сестри со почит и благодарност!
Прота-ставрофор Илија Димитриевски: Честито отец Митко, да ни е признавањето на Автокефалноста на нашата Света Македонска Православна Црва и радоста да биде вечна за целиот наш Македонски народ.
Отец Благоја Спирковски: Ваша светост, целивајќи ја Вашата Пресветла десница просам со благодарност благослов! Браќа во Христа Срби, браќа Руси, ХРИСТОС ПОСРЕДИ НАС
Зоран Гесовски: Спасиба и слава Русија!
Никола Ташков: Македонската Православна Црква на чело со Поглаварот Охридски и Македонски г.г. Стефан, одсекогаш ја чувала и негувала светоста на Православната Вера според каноните и традицијата. Господ да го благослови целиот православен Македонски народ.
Бети Ристевска: Браво и милион пати фала.
Снежана Стојановска: Секоја чест! Господ да ве чува, штити и благослови. Спасиба!
Славе Трпевски – Македонски: Овие се најубавите вести од брадска Русија, им благодариме.
Живко Пилјафов: Прекрасно, голема благодарност на Руската Православна Црква, тоа го направија за Светоста на Црквата и за Македонскиот народ.
Марјан Трајковски: Слава му на Бога за се! Господ и во овие тешки времиња не го остава својот Македонски народ! Се радува како Небесната,така и земската црква!
Драган Радојчин: Честитке од срца драги брате !
Dragan Radojcin: Ти благодарам брате за подршката што ни ја даваш и благодарност до братскиот Српски народ, Рускиот и Цариград! По овој голем повод, признавањето на Автокефалноста на нашата Света МПЦ. Господ да биде секогаш со својот Православен народ!
Елена Бучкова: Slava na Вoga vo visinite
Лепа Ѓорѓиева: Слава му на Бога, со среќа нека е!
Рајна Каевска: Бог е со нас! Му благодариме!
Гисо Иванов: Slava mu na Вoga
Борко Крстевски: Cestito i od Boga blagosloveno
Александар М.: Слава му на Господ 🙏
М-р Матеја Попоски: Никогаш ова нема да го заборавиме од Славјанскиот наш Руски народ, покрај Србскиот и Цариград кои ја признаа Автокефалноста на нашата Света Македонска Православна Црква – Слава Му на Бога!
Оливера Цветковска: Slava mu na Boga, so sreka neka e!
Александар Попоски: Одсекогаш размислував, кога РПЦ ќе ја признае Автокефалноста на нашата Света МПЦ, голема благодарност!