Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

На празникот на св. Петар и Павле- во Crown Point, Indiana, USA

 




 

 

17. Јули 2007
Crown Point, Indiana, USA

 


Животот во нашата црква Св.Петар и Павле во Crown Point, Indiana,  покрај вршењето на редовните активности (извршување на светите богослужби и други црковни треби), е исполнет и со многу други духовни и културно-национални содржини. Така е секојдневно, а така беше и по повод одбележувањето на нашата црковна слава, што се одржа на 14 и 15 јули оваа година. Всушност прославите започнаа уште на 11 јули со светата Вечерна богослужба и завршија со Светата Литургија во неделата на 15 јули. Така со целокупните наши активности и црковно живеење станавме вистински апостоли на Црквата Македонска и името македонско.

 

 

 

Прославата по повод патрониот ден беше втор Велигден за Православните македонци во Crown point и околината. Храмот беше претесен да ги прими сите верници кои постојано доаѓаа и како река врвеа палејќи свеќи и молејќи се на Севишниот Бог и Неговите најпрославени апостоли Петар и Павле. Тоа ни зборува дека во пет- децениското постоење на нашата црква култот на овие Христови светила високо е издигнат и свети во срцата на сите верници.

На Литургијата на празникот чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митроплит Американско-канадски Господин Методиј, а во сослужение на парохискиот свештеник прота-ставрофор Томе Стаматов, ѓаконот Стеван Барјактаров, при што Негово Високопреосвештенство произнесе поучно слово за празникот.

 


Покрај редовните богослужби во саботата на 14, беше одржан и свечен банкет во банкетната сала при нашата црква. Убаво украсената сала беше до последното место исполнета.

 


Најпво, претседателот на црковниот одбор г. Борис Веловски со пригодни зборови и празнични желби ги поздрави присутните. Меѓу другото тој рече: Ви го честитам овој голем и свечен ден со желби идната година, по повод 50-годишниот јубилеј од формирањето на Иницијативниот одбор за организирање на нашата црква, како и 45 години од осветувањето на истата, да биде уште посвечен и порадосен. Нема да биде нескромно ако речам дека ние тоа и го заслужуваме бидејќи сме прва црква која се закитивме со знамето на Македонската православна црква Охридска архиепископија веднаш по нејзиното осамостојување во далечната 1958 година. Ние бевме првите иницијатори не само за изградба на оваа црква туку и за сите Македонски Православни Цркви во оваа епархија кои што се изградија и сеуште се градат. Ние го понесовме барјакот на афтокефалната Македонска Православна Црква на овие простори. Со тоа треба да се гордееме сите. Во таа прилика ќе им дадеме посебна чест и признание на сите кои допринесоа за оваа наша македонска духовна победа. На многу години!, рече Борис Веловски.


Потоа  парохискиот свештеник, прота-ставрофор Томе Стаматов ги поздрави и благослови присутните, како и оние кои од било кои причини не се со нас. Честитајќи им го празникот посака идната година свечено да ги прославиме нашите јубилеи.

 

Со пригодни зборови се обрати и прота Митко Попоски велејќи дека е почестен со присуството на прославата на храмовата слава на црквата при тоа заблагодарувајќи се на поканата и гостопимството.

 

 

 

Посебен белег на прославата даде настапот на ансаблот ОТЕКС од Охрид, кои беа гости на црквата. Нивниот настап беше на највисоко ниво и ги пленија душите и срцата на сите присутни. Прославата продолжи во песни и ора до доцна во ноќта.

 


Утредента, во неделата, на Литургијата чиноначалствуваше парохискиот свештеник прота-ставрофор Томе Стаматов, во сослужение на прота Митко Попоски и ѓакон Стеван Бајрактаров. На Литургијата одговараше црковниот хор. Храмот беше преполн.

 

Прославата продолжи во попладневните часови со пикник и македонска музика.

 

 


Од управниот одбор

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva