Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Апостолското дело на светите браќа Кирил и Методиj

Светите браќа Кирил и Методиј успеаја како Mакедонци да станат апостоли на Словените

НЕВЕНА ПОПОВСКА

Во Република Македонија, годинава, прв пат како државен празник се одбележува 24 Мај, Денот на словенската писменост и на светите браќа Кирил и Методиј . Македонската државна делегација што престојува во Рим и Светата Столица по повод манифестацијата Македонија во чест на Св. Кирил ја посети базиликата Свети Павле, каде што Георгиевски положи цвеќе. Во рамките на посетата на Ватикан и Рим, денеска претседателот на Собранието ќе биде примен од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти, со кого ќе има тет-а-тет средба. Предвидено е Георгиевски да разговара и со државниот секретар при Светиот стол, Тарчисо Бертоне.

Италија во целост ја поддржува Македонија во евроинтеграциите и во нејзините аспирации за влез во НАТО. Ова беше истакнато на вчерашната средба во Рим меѓу претседателите на парламентите на Македонија и на Италија, Љубиша Георгиевски и Фаусто Бертиноти, на која уште еднаш се потенцирани традиционално добрите односи меѓу двете земји. За економската соработка е потенцирано дека треба да се развива преку конкретни проекти, а Георгиевски побара Италија да се заложи во реализацијата на Коридорот 8.

Во црквата Света Марија во Транспонтина, концерт одржа камерниот мешан хор Свети Климент Охридски од Скопје. Претседателот на Собранието Георгиевски синоќа во Рим ја отвори изложбата Македонски бронзи на Музејот на Македонија и се обрати на промоцијата на италијанското издание на книгата Византиска Македонија, како дел од традиционалната манифестација Македонија во чест на Свети Кирил.

Светите Браќа Кирил и Методиј успеале како Mакедонци да станат апостоли на Славјаните. Тие сакале да му служат на доброто на сите славјански народи и на единството на Универзалната Црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание ЕГРЕГИАЕ ВИРТУТИС, папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година ги прогласи за сопокровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври 1964 година.

Мисионерската дејност на Светите Браќа меѓу Mакедонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од Солунско и на мисионерското дело меѓу западните Славјани во Моравија. Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати ,,епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на македонски јазик, кој јазик бил разбирлив и за сите славјани. Тие веќе мисионерствувале во Брегалничката област и во некои други области низ Македонија, на четвртиот по ред библиски, македонски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните славјански народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Тој ги одобрил македонско-славјанските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на македонски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и се упокоил на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Славјани го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј се упокоил во Нитра 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.

Монументален споменик на просветителите

Во холот на Ректоратот вчера беше откриена скулптура на браќата свети Кирил и Методиј. Монументалниот споменик на солунските просветители е изработен и подарен од академик Томе Серафимовски. На свеченоста говореа претседателот на МАНУ Цветан Грозданов и ректорот на Скопскиот универзитет проф. д-р Ѓорѓи Мартиновски

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva