Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


12.03.2006

„Падна маската дека е единствен православен епископ на просторот на Македонија“

 

 

Скандалот со финансирањето на јовановата црква во Македонија од српската Влада

 

Скандалот со финансирањето на јовановата црква во Македонија од српската Влада, според владиката Тимотеј значи дека СПЦ не се грижи за создавање на нормални односи со МПЦ, туку дека исклучиво преку т.н. Охридска Архиепископија, сака да ја руши МПЦ и да им наштети на македонскиот народ и држава.

 

Митрополитот Тимотеј ги отфрли обвинувањата дека Синодот на МПЦ поседувал документи за финансирањето на јовановата црква и порано, но дека се тактизирало со нивното обелоденување кога Вранишковски излегол од затвор.

 

„Тоа е најверојатно негова возбуда бидејќи падна маската дека е единствен православен епископ на просторот на Македонија, кој делува како законит и признат. Сега се покажува дека не делува како епископ и пастир, туку како продадена душа, односно слуга на туѓи интереси, на хегемонистичките српски интереси“, изјави владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ.

 

Владиката Тимотеј го искритикува американскиот Стејт департмент кој објави дека во Македонија се ограничувале човековите слободи и права, а Хелсиншкиот комитет тој го нарече платена агентура.

 

„Стејт департментот може да каже што сака. Ова е македонска држава и на овој простор делува македонската црква, а таа има право како да делува, а не како што ќе рече секој демонстрант што ќе дојде. Хелсиншкиот комитет без сомнение е платен, како што е платен и Јован од други центри, тоа се се агентури на други структури“, вели Тимотеј.

 

Во врска со препораките до МПЦ, да формира свои цркви во соседните земји, наместо да се расправа со Јован, Тимотеј, вели дека во Грција, што се декларира како колевка на демократијата, државата не дозволува градење на црква од страна на тамошните Македонци, а тоа што во неколку села со Македонци во Војводина, веќе е укината наставата на Македонски јазик, ги оневозможува иницијативите за градење на наши цркви во Србија.

 

Сепак, доколку би се нормализирале односите меѓу МПЦ и СПЦ, според Тимотеј, би се создале услови за организирање црковен живот за Србите во Македонија и за Македонците во Србија врз рамноправни основи.



back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva