Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 


 

 

ЦД-Ромот МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА  РИЗНИЦА во издание на КАЛАМУС од Скопјe
 






 

       

 


Во Музејот на град Скопје, во четврток (15. 03. 2007 г.) во 20часот беше промовиран македонско/англискиот мултимедијален проект,ЦД-Ромот МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА  РИЗНИЦА во издание на КАЛАМУС од Скопје, во кој се поместени 2.286. 345 карактери текст, 3343 илустрации од културното наследство на Македонија, 151 колаж, 60 минути аудио материјал, како и 40 секунди видео материјал.

 


Промотори на проектот беа Митрополит Американско - канадски г. Методиј, и д-р проф.  Иван Џепароски.

 

     
 



Ризницата на културното наследство на Македонија, создавана во текот на праисторијата, антиката, ранотохристијанство, средновековната и подоцнежната епоха, се до почетокот на минатото столетие, опфаќа голем број на споменици кои припаѓаат на различни историски епохи и ги одразуваат плодните творечки идеи на поднебјето и разновидните стилско-ликовни концепти и трендови. Византиските и поствизантиските сакрални споменици и исламските сакрални и профани објекти, претставуваат сведоштво за долгиот континуитет на уметничката традиција на македонското подрачје, на кое во текот на повеќе од еден милениум постоел трансфер на идеи и уметнички концепти, кој ги рефлектирал разновидните религиски и национални струења, обединети во творечкиот чин на уметничката креација.

По своите архитектонски карактеристики и специфики и по ликовните квалитети и дострели, византиските, поствизантиските, исламските и спомениците од периодот на преродбата, припаѓаат на општото културно милје на балканскиот простор и сведочат за драгоцениот придонес на македонската територија во формирањето на единствениот уметнички трезор на Југоисточна Европа.

Начините на уметничко и духовното изразување на македонскиот простор кој низ вековите се профилирале преку поединечни техники на творење
дали преку живописување, резбарење, конописување, градителствување или пак на некој друг вид на креирање, некогаш во поголема или помала мера, повеќе успешно или не, но секогаш го одавале печатот на македонскиот гениј, кој, и во најтешки моменти на својата историја со несмалена желба и умешност го создал она што ние денеска го нарекуваме МАКЕДОНСКА културна ризница.
 

.(www.kalamus.com.mk)


 

     


 Преземено од Преминпортал- www.preminportal.com.mk



 

 


 

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva