Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАНИ ОД АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА ЕПАРХИЈУА

 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско канадски г. Методи во периодот од 06 10 декември беше во редовна канонска визитација на црквите во Охајо.

 

 

Во текот на посетата на црковните општини беа отслужени празнични вечерни богослужби и архиерејски Литургии, по кои митрополитот Методи оствари средби со управите и верниците во следниве црковни општини:

 

- На 06 декември во Колумбус, Охајо, во новоосветениот катедрален храм посветен на Успение на Пресвета Богородица,  Митрополитот Американско канадски г. Методи имаше средба со членовите на црковната управа и верниците при што беше информиран за активностите и работата во оваа црковна општина.

 

 

А на 09 декември, празникот на преп. Алимпиј Столпник и Св. вмч. Ѓорѓи (посен) во новоосветениот храм во Колумбус беше отслужена Божествена Архиерејска Литургија.

 - На 07 декември во Синсинати, Охајо во храмот Св. Илија, имаше средба со управата, а на патрониот празник на Македонската Православна Црква Св. Климент Охридски - Чудотворец имаше Архиерејска Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методи во сослужение на свештенослужителите од цркивите во Охајо и молитвено учество на верниот народ.

 

 

- На 09 декември во Лорејн - Охајо: во храмот посветен на Св. Климент Охридски - Чудотворец со молитвена вечерна богослужба чиноначалствуваше Митрополитот г. Методи.

По Вечерната богослужба се одржа и свечен банкет на кој присуствуваа голем број верници. Свеченоста беше збогатена со прекрасната изведба и настапот на младата фолклорна група Гоце Делчев.

Утредента на 10 декември во истиот храм беше отслужена божествена Архиерејска Литургија. На која преку нашиот патрон Св. Климент Охридски се помоливме на Севишниот Бог да ја зајакне нашата молитва, да ни ја зацврсти љубовта да не утврди во верата, и овој наш храм да биде место на наше славење и возвеличување на Бога, место на наша постојана средба и разговор со Него и место на наше христијанско братско разбирање и слога.

По Божествена Архиерејска Литургија имаше средба со управата и верниците беше разговарано за прашања кои се од витално значење за оваа Црковна општина.

 

     

 

Истиот ден беше посетена и Црковната општина во Кентон - Охајо: во храмот Св.Никола при што се оддржа работен состанок со управата и верниците.

 

 


ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА АКМПЕ

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti