Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

ВО РИМ

Пронајден саркофагот на апостол Павле

Археолозите, кои вршеа ископување за Ватикан, тврдат дека во Рим го пронашле саркофагот со посмртните остатоци на апостолот Павле,Според нив, гробницата, која е пронајдена  датира од 390 година

Археолозите, кои вршеа ископување за Ватикан, тврдат дека во Рим го пронашле саркофагот со посмртните остатоци на апостолот Павле, јави Би-би-си.

Според нив, гробницата, која е пронајдена под олтарот на базиликата Свети Павле во Рим, датира од 390 година.

- Римокатоличната црква од археолозите побарала да ги тргнат огромните мермерни плочи под олтарот, по што е пронајден саркофаг на кој на латински пишува Павле апостол маченик. На саркофагот јасно се видливи шуплини низ кои во минатото верниците ставале парчиња од ткаенина за да ги допрат моштите на свети Павле - јави британската телевизија.

Ископувањата на локацијата почнаа во 2002 година, а завршија во минатиот месец.

Се верува дека апостолот Павле е убиен во 69 година од нашата ера по наредба на римскиот император Нерон.

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti