Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Свечена академија во црквата на Света Софија во Охрид (14.07.2007)

 

 

Македонската Православна Црква-МПЦ, со свечена академија што се одржа во катедралната црква Света Софија во Охрид, синоќа го одбележа јубилејот 40 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ.

 


Македонија е земја на подвижници и праведници, земја на вистинољупци и правдољупци-што заедно не прават земја на голем народ. Она што го поминавме и издржавме, нека ми е простено, можевме и можеме само ние -Македонците! Девет века без сопствена, девет века робови и подвластени, девет века распнати, девет века - цела вечност и пак живи со Бога!, рече во пригодниот говор поглаварот на МПЦ-архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

 

 

 

Тој додаде дека по четиридецениско слободно делување на на нашата Света Македонска православна црква, благодарение на својата возобновена автокефалност, создава нова епоха во својот летопис, покажувакјќи дека е вистинска и незаменлива мајка на сите свои чеда.

 

 

Во овие неизвесни времиња преполни со неправди кон се што е македонско, токму верата кај нашииот народ и довербата и подршката на мисијата на нашата Света Црква помагаат да ги издржиме сите искушенија, рече архиепископот Стефан.

 

Тој изрази надеж дека ќе се исполни оправданата надеж и на оваа и на сите претходни генерации дека Охридската архиепископија како Македонска православна црква ќе си го добие местото што го заслужува помеѓу останатите помесни православни цркви.

 

 

На свеченоста во катедралата Света Софија присуствуваа членовите на Синодот на МПЦ, премиерот Никола Груевски и други претставници на Владата, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, претседателот Бранко Црвенковски, поранешниот претседател Киро Глигоров, претставници на политички партии, на ИВЗ, Католичката црква, градоначалници академици и други познати личности од јавниот живот.

 

 

 

 

Беседа одржа писаталот и амбасадор во УНЕСКО Јордан Плевнеш, кој истакна дека МПЦ всушност е како птицата феникс која се издигнува од пепелта.

 

МПЦ денес прославува 40 годичен јубилеј, но таа би можела да одбележува 2000 години од кога светиоит апостој Павле дојде во Македонија и почна да го шири христијанството во Европа, рече Плевнеш.

 

 

На свечената академија беа прогласени добитниците на Светиклиментовите одличја за особен придонес во остварувањето на мисијата и животот на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

 

Со одличја од прв ред се наградени Македонската православна богословија, митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, академик Цветан Грозданов, академик Петар Илиевски, Трифун Костовски, Глигорие Гоговски.

 

Од втор ред - митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Васил Влашки, Јоне Мишевски, Весна Таковска, Ѓорѓи Ристов, Раде Трајковски, Киро Камчев, Никола Матлиевски, Мите Јовановски и Мите Николов. Одличја од трет ред МПЦ им додели на Ден Дончев и Благоја Дојчиновски

 

На свеченоста хорот Свети Климент Охридски, маестро Борис Трајанов и актерот Кирил Ристески имаа импресивна изведба на антологиската 1762 лето која говори за судбината на Македонската православна црква. /крај/гм/ст

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva