Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Вселенскиот патријарх испрати писмо до македонскиот премиер

Вартоломеј бара прошка за Јован

"Владата не е во можност да влијае на одлуките на Судот кој во своето работење е самостоен", се вели во одговорот на премиерот Бучковски на писмото од вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое тој бара ослободување на расколникот Јован Вранишковски

Вселенскиот патријарх Вартоломеј испратил писмо до македонскиот премиер Владо Бучковски во кое бара ослободување на Јован Вранишковски, кој од Српската православна црква беше прогласен за поглавар на Охридската архиепископија. Во одговорот на писмото во кое Бучковски на патријархот Вартоломеј му се обраќа како "пријател на Македонија" се одбива неговото барање за простување на казната и ослободување на Вранишковски, кој ја издржува затворската казна од две години поради ширење верска и национална омраза.  "Владата не е во можност да влијае на одлуките на Судот кој во своето работење е самостоен", се вели во писмото на премиерот Бучковски упатено до вселенскиот патријарх. 
Приврзаниците на "одметнатиот" владика од Македонската православна црква  до Врховниот суд на  Република Македонија имаат поднесено жалба за донесената пресуда. Правни експерти проценуваат дека Врховниот суд може да донесе одлука со која ќе се "ублажи" казната на расколникот Вранишковски. 
Затворањето на самонаречениот архиепископ предизвика реакции на Српската православна црква која,  помогната од Грчката православна црква,  сака да изврши притисок за "простување" на казната на Вранишковски, што беше изречена од македонските судови.  
Против Вранишковски се водат уште неколку постапки за проневера и неовластено присвојување пари од Македонската православна црква. Таканаречениот српски егзарх во Македонија, како старешина во Повардарската епархија меѓу 2000 и 2002 година во неколку наврати престојувал во манастирот и од црковната каса подигнал тогашни 56 илјади германски марки. Парите не ги евидентирал никаде, туку со нив шетал по Грција, купувал литература, ги трошел за свои лични потреби, и за тоа ниту прашал некого, ниту пак поднел отчет. Манастирот и сега се уште ја очекува струјата.  
Ова е само дел проневерите  што Вранишковски ги направил додека управуваше со трите епархии на МПЦ, Преспанско-пелагониската, Брегалничката и Повардарската во периодот од 1998 до 2002 година. Тој се сомничи за проневерување на над 200 илјади евра, црковни или пари од верниците, но и над 35 илјади евра кои државата ги префрлила на сметка на црквата. Против Вранишковски се води постапка во судот во Велес.  Судењето е закажано за средината на септември.      

Митко Р. Јовановски   

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva