Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

21.08.2005

Вселенскиот патријарх Вартоломеј

 

 

Вселенскиот патријарх Вартоломеј од премиерот Бучковски побарал ослободување од затвор на егзархот на СПЦ, Вранишковски.

Од писмото од Вселенскиот патријарх упатено до Премиерот може да се разбере дека тоа е условот за да Вселенската патријаршија посредува во спорот меѓу МПЦ и СПЦ.

Потребно е да преовладее добрата волја и МПЦ и СПЦ да се вратат на преговарачка маса и во духот на православието да се најде прифатливо решение, му напишал Вартоломеј на македонскиот Премиер.

Бучковски се уште не му одговорил на Вселенскиот патријарх, соопштува неговиот кабинет, но во неговиот одговор уште еднаш ќе биде потенцирана одвоеноста на судската од извршната власт и оти пресудата на Вранишковски е одлука на судот кој работи независно.

Во одговорот Премиерот ќе го потсети Вартоломеј на средбата во Истанбул, кога тој бараше од Вселенската патријаршија да посредува меѓу СПЦ и МПЦ.

Со слично барање се обрати и МПЦ, кога Српската црква и даде томос за т.н. Охридска архиепископија на расчинетиот Вранишковски.

Но, досега одговорите од Вселенската патријаршија беа крајно воздржани и дипломатски, што и не е необично со оглед на традиционално добрите односи меѓу СПЦ и Вселенската патријаршија и фактот што во Патријаршијата најголемиот дел од свештенството се Грци.

А токму Грчката црква, сметаат теолозите, е иницијатор на проблемите меѓу СПЦ и МПЦ и на неканонските одлуки што ги носи Српската црква.

Сепак, затворската казна на Вранишковски, Вселенскиот патријарх ја избра како момент на излегување од позитивните, но воздржани дипломатски изјави и отворено се стави на страна на Српската црква, која последниов месец во спрега со дел од власта во Србија води силна кампања за Вранишковски, а против одлуките на судската власт во Македонија и против МПЦ.

Во писмото што Вартоломеј му го упатил на српскиот патријарх Павле македонските владици се наречени расколници кои само додаваат динамит и не допринесуваат за разрешување на спорот.

Синодот на МПЦ утре ќе заседава за овој најнов удар на МПЦ, а премиерот Бучковски пред конечно да му одговори на Вселенскиот патријарх, ќе се сретне со архиепископот г.г.Стефан

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva