Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

Заради присвојување на донацијата од 57.000 евра за велешкиот соборен храм

Уште две години затвор за Вранишковски

Вранишковски не беше во судницата за време на извршувањето на пресудата

 

 

 

Судот во Велес му изрече затворска казна од 15 месеци и на Тони Петрушевски, поранешен благајник на Повардарската епархија

 

 

 

Билјана Јовановска


Судот во Велес вчера му изрече казна затвор од две години на расчинетиот владика Јован Вранишковски за противправно присвојување на донацијата од Трифун Костовски во износ од 57.000 евра. Овие пари, наместо за реконструкција на соборниот храм "Св. Пантелејмон" во Велес, завршиле на приватната сметка на поранешниот благајник на Повардарската епархија, Тони Петрушевски, кој судот, исто така, го осуди на затворска казна од 15 месеци. И двајцата осудени не беа присутни на изрекувањето на пресудата, но извесно е дека ќе приложат жалби. Адвокатите на Вранишковски и на Петрушевски и официјално го најавија тоа.


Јован Вранишковски веќе два месеца е на издржување на две и полгодишната затворска казна во Идризово што му е изречена за предизвикување расна и верска омраза, нетрпеливост и раздор, но и за самоволие, за која реагираше Српската православна црква, државното раководство на Србија и неколку невладини организации. Со вчерашната одлука на судот престојот во Казнено-поправниот дом му е продолжен и таму ќе треба да помине вкупно четири-пет години.


Ова е трето судење за истиот процес. Во претходните две рочишта велешкиот суд носеше одлуки во полза на Вранишковски, но Апелациониот суд постапката ја врати на повторно разгледување поради низа утврдени пропусти.


Во овој судски случај што се влече цели три години е индикативно тоа што поранешниот владика Јован, кој знаел дека ќе ја напушти Македонската православна црква и ќе Ј се приклучи на СПЦ, оваа своја намера не му ја соопштил на донаторот Костовски. Напротив, во писменото обраќање од 25 мај 2002 година, непосредно пред заминувањето од МПЦ, Јован му пишува на Костовски: "Имаме чест да Ве известиме дека ветената и одобрена донација за храмот 'Св. Пантелејмон' во Велес може да се уплати на девизна штедна книшка издадена од Стопанска банка Основна банка - Велес со број 0020184-10 на име Тони Петрушевски, благајник на фондовите на Велешката и Повардарската епархија".


Но, откако се случи заминувањето на Вранишковски и неговото расчинување од Синодот на Македонската православна црква, на 3 јули 2002 година тој одново му се обраќа на Трифун Костовски. Во писмото до донаторот, Вранишковски порачува: "Чест ни е да Ве известиме дека ги добивме од Вас ветените средства (57.000 евра) за реконструкција на храмот 'Св. Пантелејмон' во Велес. Ве уверуваме, и покрај загриженоста што може да постои поради новононастаната состојба, дека средствата ќе се трошат за тоа за што се наменети - за реконструкција на електричната инсталација на храмот, за реконструкција на столаријата, за инсталирање парно греење, за инсталирање озвучување, за што, впрочем, ви е доставен комплетен премер. Што се однесува до Вашата загриженост за состојбите во Црквата, за нас е повеќе од разбирлива. Ние веќе сме Ви рекле дека во Вас гледаме иднина и за политичкото и за државното уредување на Република Македонија. Меѓутоа, колку пати во животот сте направиле ризични потези за да стигнете до оваа општествена позиција на која сте сега? Ние, пак, најголемиот ризик го направивме кога се замонашивме и целиот живот му го посветивме на Бога. Тој ризик се покажа како благословен...".


 Сепак, донацијата никогаш не стаса онаму за каде што била наменета. Подарокот од Трифун Костовски, тежок 57.000 евра, не беше евидентиран ниту во пописот што го направи специјална комисија формирана од Синодот на МПЦ во Епархијата по заминувањето на Вранишковски. Во тоа време, во одредени медиуми, расчинетиот Јован се огласи со изјава дека, наводно, овие пари ќе ги вложи во некоја странска банка, но непосредно по ова, благајникот Тони Петрушевски беше притворен, по што парите му беа предадени на судот во Велес. Сега, откако процесот доби завршница, донацијата Ј е предадена на Македонската православна црква.

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva