Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

На 2 септември, во соборниот епархиски храм Св. Климент Охридски во Торонто, беше востоличен новоназначениот митрополит на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Методиј.

Чинот на востоличувањето го изврши Поглаварот на Македонската Православна Црква Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, кој началствуваше со светата архиерејска Литургија, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, свештенослужителите на Американско-канадската епархија, како и свештеници од сестринските православни цркви Грузиската, Романската и други.


На свеченостите по тој повод, присуствуваа претставници на сите македонски православни цркви од Епархијата, на дипломатско-конзуларните претставништва од САД и Канада, пратеникот во Собранието на Република Македонија г. Влатко Ѓорчев, како и многуилјаден македонски православен народ од Северноамериканскиот континент.


На свечениот чин на востоличувањето, Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан изговори поздравно слово во име на Светиот архиерејски синод на МПЦ, а со пригодна беседа отпоздрави новиот Митрополит Американско-канадски г. Методиј.


Традиционалните собирските манифестации на Американско-канадаската Македонска Православна Епархија, чиј овогодишен домаќин е црквата Св. Недела од Ејџекс, Онтарио, Канада, продолжуваат и во наредните денови.

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti