Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Востоличен Митрополит на
Повардарската епархија г. Агатангел

Велес, 8 октомври (МИА) - Во Соборниот храм Св.Памтелејмон во Велес денеска се одржа итронизација на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Агатангел за Митрополит Повардарски.

 

На овој свечен чин му претходеше Света Божествена Литургија на која чиноначелствуваше Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во сослужение со Архиереите на МПЦ и многубројносвештенство.

 


Со поставувањето на Митрополитот Агатангел, пополнето е местото кое четири години беше упразнето, по расчинувањето на тогашниот владика на Повардарската Епархија Јован.

Митрополитот Агатангел со денешното интронизирање практични се враќа на должност во Повардарската епархија со која раководеше две години во периодот 1999/2000 година.

 

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на владиката Агатангел му порача да го чува православното достоинство и вистината македонска.

 

- Нашата црква е должна да го чува својот народот, кој во сите страданија бил со неа и ја давал својата закрила. Затоа кога денес нашата Црква ја изложуваат на нови распетија повикани сме сите да  ја браниме. Тоа Владико ќе биде ваша прва и најголема задача да го исчистиме каколот посеан по македонските духовни полиња, секаде каде непријателите се обидуваат да фатат корен, делејќи стипендии, пари и автомобили - изјави г.г. Стефан на интронизацијата на Агатангел за Митрополит на Повардарската епархија. пп/ва/14:14

 


 НА МНОГАЈА ЛЕТА ВОЗЉУБЕН ВЛАДИКО!

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti