Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

ПО ОСТРОТО ПИСМО НА ВАРТОЛОМЕЈ ДО БУЧКОВСКИ
Владата не коментира, Синодот допрва ќе одлучува

АКО ГО ДОБИЕМЕ, ВЕРОЈАТНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДАМЕ НА НАРЕДНАТА СЕДНИЦА НА СИНОДОТ, ПО ШТО БИ СЛЕДУВАЛ НАШ КОМЕНТАР", ИЗЈАВИ ВЛАДИКАТА ПЕТАР

 Владата нема да го смени својот став во однос на црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ, ниту по минатонеделното писмо од вселенскиот патријарх Вартоломеј до премиерот Владо Бучковски, во кое тој бара "итна промена на начинот на кој државата се справува со црковниот проблем". 
"Државата останува на досегашните позиции, а премиерот Бучковски, се уште не решил дали ќе одговори на последното писмо на Вартоломеј. Во секој случај, забелешките на цариградскиот патријарх за државната политика се негов проблем, а не наш, велат владини извори, потенцирајќи дека ваквото пишување тежнее кон мешање во државните работи на Република Македонија.  

Според содржината на писмото, г. Вартоломеј останува на досегашните позиции - МПЦ  да се врати во перегратките на СПЦ, без предлог за нови преговори. "Со досегашниот ваш став непродуктивно се опструира божјото решение на проблемот, и тоа како што покажуваат фактите, и вие правилно го сфаќате, има директни последици врз државната база на вашата држава, стои во "ултимативното" писмо на вселенскиот патријарх. Тој му забележува на Бучковски и дека во случајот со расчинетиот Вранишковски постапувал "некултурно".  

Во Синодот на МПЦ, засега, го игнорираат писмото од вселенскиот патријарх, со образложение дека се уште не им е достапно. "Ако го добиеме, веројатно ќе го разгледаме на наредната седница на Синодот, по што би следувал наш коментар", кусо ни изјави владиката Петар. (Д.М.) 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva