Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 Вести на денот


РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО ГО ПОБИВА ВРЕМЕТО

Вистина откриена како живот

ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ ГО ПОБИВА БИДЕЈЌИ ВРЕМЕНСКИОТ СВЕТ НА НАСТАНИТЕ ГО ПРЕТВОРА ВО ПРАЗНИЧНО СВЕДОШТВО НА СЕГАШНОСТА НА СПАСЕНИЕТО

Бог се замешува во времето за да го ослободи човекот од времето. Раѓањето Христово во времето претставува еден рез во времето, го побива текот на времето, од временоста како робување на "претходното" и "следното". Бог низ една пукнатина на можноста се влева во појавната стварност - а можноста е личниот однос со Него. Раѓањето е една пукнатина во објективната временост, којашто го открива бездимензионалното време на личниот однос, надминување на времето во безграничната сегашност на заедницата на љубовта...   Без Бога човекот станува објект што е во целост одреден од времето и потчинет на истото: на нашиот овдешен, технолошки јазик, би рекле дека човекот станува конкретна временска единка на производството и измерено траење на потрошувачката - човечкиот живот станува 8 часа, ограничено временско прибегнување кон "забава", годишни приходи и годишни расходи, пензионерско време, и на крајот два датуми: датум на раѓање и датум на смрт...   Раѓањето Христово го побива времето, затоа што во времето ја воведува вечноста на "природната" заедница меѓу човекот и Бога. Вечноста не е материјалното време во некое свое бесконечно продолжување, туку сегашност на личниот однос, бездимензионален настан на заедницата во љубовта, значи оној начин на постоење во љубовта што повторно го воспоставува човекот во полнотата на неговата личносна вистина, над секаква ограниченост од времето, просторот или пропадливоста на природата...   Христовото раѓање го побива времето бидејќи временскиот свет на настаните го претвора во празнично сведоштво на сегашноста на спасението. Паралелно, и во суштина надвор и над астрономското време на мерливата пропадливост, Црквата има свој циклус на времето, празничен циклус на радоста, радост на нејзиното Евангелие, артикулирана во вид на секојдневен празник...  Раѓањето Христово го побива времето, бидјеќи ја побива историјата, таа утопија на временската објективност, измислена вечност на едно скаменето "се случува" коешто е соткаено од човечките страсти, насилства, интереси, од ужасот на омразата, од ѕверството на искористувањето...   Раѓањето Христово ја побива историјата бидејќи човечкото случување ја опфаќа сегашноста на егзистенцијалното одмерување на човекот со вистината, го изразува животот, обзема со вистината и вистината ја открива како живот... Христос прави расцеп во историјата со коренито разликување на Бога од Кесарот, овосветската организација заради добриот живот на единката и слободата на личното остварување во рамките на заедницата на љубовта...  Раѓањето Христово го побива времето бидејќи, преобразувајќи ја желбата во љубовна полнота на траењето, ја побива првенственоста на "моментот". Христос "се раѓа од Дева", и тоа бессемено раѓање истекува и ја остварува љубовта како сеопфатно проземање: целиот Бог и целиот човек неслиено, неразделно, неизменливо, неразлачно се соединуваат во рамките на полнотата на љубовното "иступление", коешто е девствено, бидејќи е ослободено од незгасливата индивидуална желба. Од овде па натаму, љубовта станува "тајна" на пројавувањето на Христовото единство со човештвото, и секоја љубов претставува една можност на исполнувачко траење како девственост на самонадминувањето. Копнежот се ослободува од временската врзаност за "моментот", љубовното време повеќе не е повторување на Данајската трагедија, љубовта повторно станува можност човекот за излезе од самиот себе, од ропството на временскиот след на моментите на копнеж, да ја оствари тајната на заедницата на природите во рамките на љубовното самопринесување.   Бог се вмешува во времето за да го ослободи човекот од времето. Но, слободата секогаш е една лична можност, една остварена - динамичка потврда на вистината. Затоа Раѓањето Христово секогаш останува Тајна туѓа и чудесна, веројатност на личното откровение - необјективноста на празникот, туку можност за учество во празникот и во повеќезначната благосостојба.         (Преземено од списанието "Премин")           

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva