Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ

Православните верници си ги простија гревовите

Со зборовите прости ми, нека ти е простено од мене и од Господ, православните христијани  го прославија верскиот празник Велики или Проштени поклади , кај народот познат како Прочка. Од денеска почнува седумнеделен пост, а денешниот ден е познат како чист понеделник.

Во неколку градови во Македонија се одржани маскенбали и карневали.

- Со карневалите се означува завршувањето на недоличното однесување на луѓето. Зборот карневал означува без месо, така што овие манифестации најавуваат дека оваа недела на трпезите треба да се служи храна без месо - објаснува свештеникот Жарко Ѓорѓиевски од скопската црква Светка Петка.

Со традиционалниот маскенбал што е одржан во хотелот Сириус почна годинашнава струмичка карневалска треска. Сопружниците Ангелина и Ѓорѓи Атанасови од Струмица се избрани за принцеза и принц на карневалот, кои заедно со кралската свита ќе го означат почетокот на главната карневалска вечер, што се одржува утре. На маскенбалот беше промовирана Карневалската партија на Македонија, која ветува најбрз прием на Македонија во ЕУ, бидејќи таа веќе 13 години е членка на Европската карневалска асоцијација.

Денеска традиционално се подготвува и се јаде бел грав во струмичката чаршија. Утревечер, на главната карневалска вечер, се очекува да продефилираат над 3.000 учесници од земјава и од странство. Над 500 маски со 1.000 учесници вчера продефилираа во Прилеп. Карневалот Прочка годинава доби меѓународен карактер со учеството на неколку стотици маски од Бугарија и од Холандија. Најсилен впечаток остави привлечната касапска тајфа со етно-маски, што го симболизираше доаѓањето на пролетта. Касапите облечени во пресни кожи, со прапорци и со стапови ги удираа минувачите за среќа.

Над 4.000 гости викендов беа дел од првиот зимски карневал на Маврово. Тридневната програма беше исполнета со настапите на четириесетина жонглери, кловнови, магионичари, артисти-акробати и неколку музички групи од Италија, Канада, Шпанија и од Македонија.

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti