Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

НА ЦРКОВНО-НАРОДНИОТ СОБИР НА МПЦ ВО КАЛИШТА

Црквата не прифаќа име поинакво од Уставното

МНОГУМИНА СЕ ИЗНЕНАДЕНИ КОГА ЌЕ ЈА ЧУЈАТ ВИСТИНАТА ЗА АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ, А ОСОБЕНО ЗА СЛУЧАЈОТ ВРАНИШКОВСКИ", ИЗЈАВИ НОВИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ Г. МЕТОДИЈ

СТРУГА, 5 ОКТОМВРИ. - Без оглед на сите притисоци што ги трпи МПЦ, а се резултат на несфатливата хегемонистичко-шовинистичка страст присутна во некои црковни и државни структури од соседните земји, ние ќе опстоиме. Ова е првата од 11-те точки на Резолуцијата што ја донесе Црковно-народниот собир по дводневно дебатирање во Струга. Делегатите на највисокиот законодавен орган на МПЦ остро се спротивставуваат на каква било промена на името на Република Македонија. "Упатуваме порака до сите домашни, меѓународни институции дека нема да се согласиме со прифаќање на поинакво име од уставното", стои во еден од заклучоците. Највисокиот орган на МПЦ заклучил и дека е неопходно да се интензивира комуникацијата со другите православни цркви. "Треба да се направи многу повеќе за информирање на светската јавност околу актуелните случувања со МПЦ, како преку циркуларни писма, така и со лични посети. Многумина се изненадени кога ќе ја чујат вистината за актуелните состојби, а особено за случајот Вранишковски", изјави новиот епископ велички г. Методиј, потврдувајќи дека македонските владици и понатаму ќе останат отворени за комуникација со СПЦ.    

Црковно-народниот собир апелира до државните институции и меѓународната заедница да ги санираат последиците од воената криза во 2001 година и во најкус можен рок да се возобноват разурнатите црковни и семејни објекти и раселените лица што побрзо да се вратат во своите домови. Собирот, исто така, побара од компотентните инстанци Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да се бранат од слобода пред Судот во Хаг. Делегатите на Собирот ја поддржаа и идејата за остварување на официјална комуникација со турската влада како легитимен наследник на Отоманската империја со цел поништување на документот од 1767 година со кој се укина Охридската архиепископија. Барањето на делегатот од САД за поставување архиереј на Епархијата на МПЦ во САД и Канада ќе биде дополнително разгледан од Синодот на МПЦ. 
 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva