Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Архиерејска Божествена Литургија во соборниот храм на Света Софија во Охрид

 

 

Денес, на 15 јули 2007 година, по повод 40 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, во катедралниот храм на Света Софија во Охрид беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија.

 

 

Со Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,  Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Викарниот Епископ Хераклејски г. Климент, Митрополитот г. Горазд и бројни свештенослужители.

 

 

 

 



На Божествената Литургија покрај големиот број гости и верници присуствуваа и премиерот Никола Груевски и евроамбасадорот Ерван Фуере.

 

 

 

 

 


Ќе издржиме на патот кој сме го избрале и кога тогаш Македонската Православна Црква ќе биде призната од другите Православни Цркви. Посакуваме, веруваме и се надеваме тоа да биде во блиска иднина, изјави за медиумите поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, по Божествената Литургија.

 

Ништо ново не направивме од она што другите го направија и не избравме друга отстапка од таа што ја направија скоро сите Православни Цркви, одвојувајќи се од некоја Црква, истакна Архиепископот г.г. Стефан.

 

Тоа што синоќа на свечената академија по повод јубилејот на МПЦ во катедралната црква Света Софија присуствуваа

претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, според г.г. Стефан укажува дека МПЦ е народна црква и дека  им припаѓа подеднакво како на оние што се на власт, така и на обичниот народ.

 

Со доаѓањето на раководителите на македонската држава се потврдува почитта и односот кон Македонската Православна Црква, зашто овој јубилеј е јубилеј за македонската држава и македонскиот народ, рече г.г. Стефан, по завршувањето на свеченостите по повод 40 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ.

 

Со синодската одлука, која можеме да речеме дека била одлука на македонската правда и вистина, прифатена од Црковнонародниот собор на 17 јули 1967 година со која е обновена автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, ја потврдивме вистината дека е слободен само оној кој владее со себе, бидејќи да се биде слободен значи да се има потполна слобода и духовна и национална, рече архиепископот г.г. Стефан на светата архиерејска литургија.

 


Тој истакна дека 17 јули 1967 е ден - почеток на нашето возобновено автокефално живеење, ден на нашето црковно воскресение и додаде дека уште во војната била формирана иницијативна група за црковно-административно организирање на Православната Црква во Македонија и македонското свештенство било на страна на народноослободителното движење, а свои претставници имало и на Првото заседание на АСНОМ.

 

На 9 и 10 мај 1946 било одржано свештеничко собрание на кое македонското свештенство истакнало дека иднината на Црквата во Македонија е само во домородни архиереи и домородно свештенство, во администрацијата и коресподенцијата да се употребува единствено македонскиот јазик, истакна поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

 

Тој потсети и на односите со Српската Православна Црква во изминатиот период, кога Македонската Православна Црква добила навредливи закани, со кои биле погазени и најмалите надежи дека ќе се надминат меѓуцрковните недоразбирања.

 

Ако не исти, тогаш се слични историските патишта и начините како ја стекнале својата автокефалност и соседните Православни Цркви. Историјата не забележала дека некој православен народ се издвоил во посебна Црква ако претходно не го побарал тоа. Не забележала дека добил од некого томос на небарана автономија или автокефалија. Токму тоа треба да ни дава надеж дека на нашата возобновена Охридска Архиепископија како МПЦ ќе - се даде достоинството што го имала и што го заслужува како автокефална Црква, односно дека од останатите ќе биде прифатена како помесна Православна Црква, додаде Архиепископот г.г. Стефан на Божествена Литургија.

 

Извор: МИА

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva