Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 Во манастирот Св. Богородица на Матка и во водите на реката Треска



Групното  Крштевање во водите на реката Треска  го организира    Мисионерско - хуманитарната дејност на Скопската и Брегалничката митрополија Ѓаконија

Денеска извршивме спасение на душите на оние кои не беа крстени. Ги покануваме и ги повикуваме  сите овие кои не се крстени да дојдат идната година да ја примат верата Христова, бидејќи без Крштевање нема спасение. -  Митрополит Вардарски г. Агатангел


 



 


***

 


Неколку стотици верници се покајаа пред Бога и ја примија Христијанската вера.

Осмо групно кршевање во реката Треска
----------------------------------------------------------------------***
 

 

Крштевањето е врата преку која се влегува во Царството Небесно. Библијата вели дека оној кој што не е крстен не може да го почувствува Царството Божјо, рајската убавина и соединувањето со Христа. Повеќе од триста верница денеска ја примија православната вера во групното Крштевање во водите на реката Треска крај древниот манастир посветен на Успение на Пресвета Богородица во Матка. Се крштеваше според старо христијанскиот обичај. Чинот на Светото Крштение отпочна  со Светата Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит Велешки г. Агатангел во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски  г.г.  Стефан.


За време на огласените излегуваме во дворот на црквата Св.Богородица  каде ја почнуваме Светата Тајна Крштение, потоа се симнуваме во реката Треска...јас верувам дека догодина ќе имаме и шестотини, дајбоже.. Им честитам и им посакувам да имаат многу љубов и добрина, мир во нивните срца и души, во нивните семејства. Нека е честито и благословено посака митрополит г. Агатангел
 
 Во бели одежди, со радост која се читаше на нивните лица, долгата  колона верници   се упати од портите на црквата Св. Богородица кон брегот на реката Треска.   Во осветените води на реката верниците се измија од своите гревови за да можат да ја примат православната вера. Три пати се нурнаа во водите, во име на Светaта   Троица-  Отецот, Синот и Светиот Дух, за да стапат во редот на Христовото Стадо. 

 

Најмладиот учесник имаше само девет месеци, а настарата верничка преку седумдесет години.. 

По   светото Миропомазание  и пострижувањето,   службата продолжи во манастирскиот двор, каде верните се причестија со Светите Тајни Христови. 


***



Верниците велат дека вака се чувствуваат поблиску до Бога бидејќи и Исус во Јордан бил крстен на ист начин.
 
Има своја посебност и уникатност. Многу ми се бендисува... Јас сум од Ниш, но сум роден во Скопје. Ми се виде атрактивно, не бев крстен и дојдов да се крстам... Многу подобро се чувствувам сега, по 19 години да бидам крстен, вели раскажува на верниците веднаш по големиот чин.( Канал5)
***

 

На новокрстините чеда на МПЦ, редакцијата на Премин им подари примероци од магазинот, а издавачот Библиjско здружение, од најновото  издание на Нoвиот завет и Библијски атлас за деца.

 

***
По кршетањето беше подготвена трпеза на љубовта




ПреминПортал

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti