Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

ЗАВРШИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ЈОВАН ВРАНИШКОВСКИ



Во велешкиот суд заврши еден од двата судски процеси против Јован Вранишковски, расчинетиот владика на МПЦ, во овој случај обвинет за кривичното дело - затајување. Тој се товари дека       противправно ја присвоил донацијата на Трифун Костовски, која била наменета за обнова на храмот "Свети Пантелејмон" од Велес. Судијата Валентин Зафиров најави дека пресудата за ова     дело ќе ја соопшти утре.  


На судењето, по барање на застапникот на МПЦ, прота Стојко Ристовски, парите по три години откако беа ставени во сефот на велешкиот суд, се вратени на МПЦ, со строга наменска цел - реконструкција на црквата во градот.
  На рочиштето беа изречени завршните зборови и на обвинителството и на одбраната. Обвинителството и застапникот на МПЦ побараа Вранишковски да биде прогласен за виновен, а адвокатот на обвинетиот неговиот клиент безусловно да биде ослободен. За обвинителството Јован 57-те илјади евра противправно ги присвоил, иако бил претходно разрешен, а ги вратил откако била отворена истрага за овој случај, а според адвокатот спорно е што документот со кој МПЦ бара кривично да се гони се појавува дури во апелација, а него претходно го немало ниту во истрагата, ниту во првото судење. 

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva