Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Г.Г. СТЕФАН ЗА БАРАЊЕТО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОХОР ПЧИЊСКИ

Секој има право да го бара своето

Прохор Пчињски не треба да биде заборавено прашање и секој има право да си го бара своето", изјави Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан по вчерашната богослужба во манастирот "Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица" крај Матка. Според него во сите повоени енциклопедии издадени во Република Србија и некогашна Југославија за Прохор Пчињски пишува дека манастирот на реката Пчиња е во Република Македонија или по црковните документи дека и припаѓа на Скопската епархија. Тој смета дека на Македонија многу и е одземено и не треба да се однесуваме сеедно, особено кон светини кои значат повеќе од еден манастир за овој народ.  

"Притисоците од страна на СПЦ беа очекувани, бидејќи се она што се случуваше беше притисок од страна на српската црква и природно е она што таа го правеше претходно да продолжи и денес. Писмата на неколкуте поглавари и вселенскиот патријарх се со содржини кои имаат пораки да се разреши црковното прашање во Македонија, иако проблемот што е третиран во нив не би требало да биде пречка во разрешувањето на црковните прашања на МПЦ, бидејќи воопшто тие прашања не се црковни. Излезе на виделина дека во разрешувањето на прашањата најмногу или во поголема мера стои политиката", рече поглаварот на МПЦ.  

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva