Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 

 ЦРВЕНКОВСКИ: СРПСКАТА ПОДДРШКА НА ВРАНИШКОВСКИ МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА -7.03.2006г.

 


Претседателот Бранко Црвенковски при денешната посета на Струмица, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата дека српските власти финансисики го поддржуваат Јован Вранишковски и т.н. охридска архиепископија, рече дека ако тоа се потврди таквите постапки на Белград ќе се толкуваат како мешање во внатрешните работи на друга земја.
 
"Ако тоа се потврди, тогаш таквите постапки на Владата на Република Србија не придонесуваат ниту кон јакнење на добрите односи меѓу двете соседни земји, ниту кон секуларизмот за што декларативно се залагаат сите. Исто така, тоа може на одреден начин да се толкува и како мешање во внатрешните работи на друга суверена држава", рече Црвенковски.


Шефот на државата посочи дека тој и премиерот Бучковски вчера биле информирани од поглаварот на МПЦ г.г Стефан дека Македонската православна црква дошла до одредени писмени документи со кои се потврдува дека како финансиер на активностите на т.н. охридска архиепископија и на Зоран Вранишковски во Македонија се јавува директно Владата на Република Србија.
Црвенковски нагласи дека вчера заеднички заклучиле дека одредени институции, како што се министерствата за внатрешни работи, за правда и за надворешни работи, разгледувајќи ја и утврдувајќи ја вистинитоста околу овие документи, треба да преземат соодветни мерки и активности во наредниот период.

 

  

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva