Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


МПЦ ПРЕЗЕНТИРА ДОКУМЕНТ ДЕКА СРПСКАТА ВЛАДА ГО ФИНАНСИРА ВРАНИШКОВСКИ

 

 

Македонската Православна Црква (МПЦ) денеска соопшти дека до Светиот архиерејски синод пристигнала информација и документ од што недвосмислено се потврдува инволвираноста на Владата на Република Србија во случајот "Вранишковски".

 

Во документот што го презентираше на денешната прес-конференција портпаролот на САС на МПЦ г. Тимотеј, српското Министерство за вери ги известува Српската православна црква, Јован Вранишковски односно автономната православна охридска архиепископија дека со решение на Министерството на жиро-сметката на Епархискиот управен одбор на Православната врањска епархија се уплатени 500.000 динари.

 

"Средствата се наменети за автономната православна охридска архиепископија на име на дотација на свештенството и монаштвото за месец јануари 2006 година", се наведува во документот што го презентираше г. Тимотеј.

 

Решението под број 401-00-70/2006-01 на српското Министерство за вери е потпишано од министерот Милан Радуловиќ, а испратено на 27 јануари оваа година.

 

 

Портпаролот на Светиот архиерејски синод г. Тимотеј изјави дека документот пристигнал на адреса на МПЦ и оти неговото објавување во јавноста само се совпаѓа со излегувањето на Јован Вранишковски од затвор.

 

 

МПЦ во соопштението прочитано по презентацијата на документот побара од државната власт во Република Македонија да ги испита сите злоупотреби, дрски мешања, влијанија и начини на инволвирање и дејствување на српската држава во поредокот и стабилноста на Република Македонија. МПЦ бара државните органи да ги откријат сите канали на внесување на, како што наведоа, туѓодржавни средства за дејствување против Република Македонија и МПЦ.

 

 

Господин Тимотеј изјави дека МПЦ побарала од претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски да се вклучат во решавањето на прблемот. "Дали ќе интервенираат прашајте ги нив", рече г.Тимотеј.

 

Тој рече дека сите митрополити, членови на САС на МПЦ, се известени за документот.

 

"Јасно е сега, и повеќе од јасно, чија таканаречена црква е онаа што сака да ја организира српската држава и српската црква кај нас, преку македонските предавници и одродници - слуги на туѓите интереси во Република Македонија. Од ова јасно се гледа кој го плаќа Вранишковски и неговите - чии пари трошат и чија работа извршуваат", се наведува во соопштението.

 

САС на МПЦ апелира да се престане со ваквите активности и да се почне со развивање на вистински братски, добрососедски, пријателски и евангелски односи, со достоинство, и во духот на вистинското братољубие, преку кое се изразува и вистинското богољубие. На тој начин црквите ќе се изградуваат и развиваат во евангелски дух и во државите, кои чукаат на портите на Европа.

 

На МПЦ, како што се наведува во соопштението, и останува да ја докажува својата вистина со мерилата на христијанството, притоа, водејќи сметка да го зачува македонското ткиво од разнебитивање

 



Претседателот на Комисијата за односи со верски заедници Цане Мојаноски во разговор со
новинарите

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva