Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 

Српската Влада призна дека му давала пари на Вранишковски -7.03.2006г.

 

 
Белград - Плоштад на Републиката

07.03.2006

Веста дека српската Влада му помага на Вранишковски да изгради црква во Македонија ги заинтригира и белградските медиуми што, пак, го натера Министерството за вери да издаде соопштение во кое се вели дека Белград не гледа ништо лошо во тоа што од време на време финансиски им помагаат на епархиите на СПЦ кои делуваат надвор од територијата на државната заедница на Србија и Црна Гора.

 

Владата на Србија е благодарна за секоја донација што владите на другите држави им ја упатуваат на своите верски заедници на територијата на Србија и Црна Гора, се вели во соопштението.

 

Во него се додава дека тоа не се третира како мешање во внатрешните работи, туку како потстрек на развојот на верската и општата култура и помош за заштита и зачувување на верскиот и културниот идентитет.

 

Освен ова официјално реагирање на Белград, други реакции за сега нема.

 

Сијка Пиштолова ( за А1)

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva