Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


 
Соопштение од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ (23.06.2006)

 

 

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 22 јуни 2006 благоизволи да ја зголеми својата бројност со изборот на уште еден нов архиереј на Македонската Православна Црква.

 

- Неговото Високопреподобие архимандритот г. Иларион (Серафимовски), игумен на манастирот на Свети Гаврил Лесновски - Лесново, е избран за викарен епископ на Македонската Православна Црква, со титула Епископ Баргалски.

 

На 12 јули 2006 г. (среда), Петровден, во соборниот храм на Свети Никола во Штип, со почеток во 18,00 часот ќе се изврши чинот Наречение (именување) на новоизбраниот епископ Баргалски, а хиротонијата (ракополагањето) на новонаречениот епископ г. Иларион ќе биде утредента - на Павловден, во истиот храм во Штип, со почеток во 08,30 часот.

 

Синодот на оваа седница ги назначи за епархиски архиереи:

 

- Досегашниот администратор епископот Велички г. Методиј за митрополит Американско-канадски и

 

- Досегашниот администратор епископот Полјански г. Пимен за митрополит Европски.

 

Нивните востоличувања ќе бидат извршени есенва.

 

Синодот го потврди изборот на проф. д-р Ратомир Грозданоски за декан, а доцентот м-р Петко Златески за продекан на Православниот богословски факултет.

 

Исто така, се расправаше за изминатата и идната учебна година во Богословијата и академската година на Православниот богословски факултет. 

 

 

 

                                                   ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva