Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Соопштение од Кабинетот на Архиепископот

 

stefan.bozik.jpg 



 Ниту некогаш, па ниту сега, не може да се негира дека Солун не е татковина на првото наше и сесловенско писмо, составено врз основа на говорот на тогашните тамошни жители. И токму затоа, Солун, духовно и културно, ни припаѓа нам и на сите словенски народи во сите времиња. Оттаму сосема е поинаква пораката, изречена во Словото на Поглаварот на Македонската православна црква на молебенот на свети Кирил во Рим и таа искучува било какви територијални претензии и е намерно злоупотребена со тоа што зборовите се грубо извадени од нивниот непосреден контекст. Од тие причини, тој дел го повторуваме во целост: 

Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град с е пепел и прав и нема слобода ни за книга, ни за буква ни за слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, во ова наше време, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време. Светителе, денес е с урнато од она што би потсетило и на тебе и на нас, и во Солун, и во Кукуш, и во Лерин, и во Костур. Таму не само живите, туку и покојните немаат мир...

Колку би биле среќни да чуеме барем еден противаргумент, дека барем нешто од ова не е точно...

 

ОД КАБИНЕТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ

извор: http://www.mpc.org.mk/

 
Закани, навреди и провокации предизвика поглаварот на МПЦ г.г. Стефан кој ги разгневи грчките политичари и црковни лица, откако на чествувањето на Свети Кирил во Рим изјави дека Грција уништува се што создал сесловенскиот просветител.

Освен црковните великодостојници, изјавата на г.г. Стефан ја налути и грчката министерка за надворешни работи, според која обраќањето на поглаварот на МПЦ е екстремно провокативно и неприфатливо.

Ваквите иредентистички изјави се опасни за регионалната соработка и стабилност во овој кршлив дел од Балканот. Изјавите дадени во присуство на премиерот Груевски ја докажуваат коректноста на грчката позиција која инсистира на решение на проблемот со името. Најмалку што може да направи политичкото водство на Скопје е да ги осуди овие изјави, изјави Дора Бакојани, министерка за надворешни работи на Грција.

Најагресивна од сите е реакцијата на солунскиот владика Антимос. Најрадикалниот од сите Грчки владици ја обвини Македонија дека го украла и узурпирала името Македонија и ги повикал северните соседи да дојдат и ако можат да го земат Солун.

Active ImageАко го сака Солун, нека дојде да го земе, рече Антимос.

Во говорот за време на чествувањето на Свети Кирил во катедралната црква Сан Клементе во Рим, поглаварот на МПЦ порача дека поради државната грчка политика, во егејскиот дел на Македонија не останала ниту една буква од јазикот кој го говорат Македонците.


Во регион каде што некогаш се зборувало како што зборуваше ти и ние денес е забрането не само да се зборува на македонски јазик, туку се оспорува и неговото постоење. За жал, се што е македонско е прогонувано и раселено, додека името на нашата земја и црква е проблематизирано, вели г.г. Стефан.

Во осудите за МПЦ се вклучи на солунскиот префект Панајотис Псомидас, според кого поради непознавање на историјата, Македонската црква на апсурден начин ја извртува вистината.

Претставници на Грчката црква и Владата директно не го нападнаа премиерот Груевски, кој од истиот настан изјави дека и покрај грчкото оспорување на македонската култура и јазик, кои се основа на европската цивилизација, Македонците во Европа ќе влезат единствено како Македонци.

 

извор: А1 Телевизија

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva