Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Соопштение (22.12.2006)

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 21 и 22 декември 2006 г., во просториите на Македонската архиепископија, на којашто присуствуваа сите архиереи, како од Татковината, така и од дијаспората, посвети должно внимание на состојбите во епархиите и институциите во Македонската Православна Црква.

Синодот работеше и на утврдување на Програмата за одбележување на Јубилејот - 40 години автокефалност на Македонската православна црква (1967-2007), во која се предвидуваат бројни активности за достојно одбележување на овој значаен настан. Меѓу другото, се планира и издавање на сите богослужбени книги од годишниот богослужбен круг (дванаесетте минеи, Октоихот, Посниот и Цветниот Триод, Служебникот, Требникот и Часословот).

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква им изразува искрена благодарност на сите институции и установи во Република Македонија кои искажуваат континуирана поддршка кон Македонската Православна Црква за зачувување на нејзиниот автокефалниот статус и името. Воедно, особена благодарност Светиот Архиерејски Синод искажува и до претседателството на Друштвото на писателите на Македонија за правилниот однос кон нашата Света Црква, со исклучок на еден негов член кој си дозволи индивидуална теолошка перцепција на канонско-правните димензии на македонското црковно прашање.

     ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ

back.gif (1338 bytes)

Vesti