Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Соопштение за печат

Лерин 10/04/08

Грчкиот национализам го јакне македонскиот национален иднетитет и ја зацврстува македонската нација.

Во последниов период, по повод кандидатурата на Република Македонија за членство во НАТО, на Самитот во Букурешт и поради ставот на нашата земја, имавме можност да забележиме кулминација на националистички испади против соседната земја на политичко, општествено и медиумско ниво. Тоа беше уште еден израз на антимакедонскиот национализам што долгорочно ја карактеризира Грција, со агресивни карактеристики против соседната држава во последните 15-20 години. Видовме повторување на настаните од почетокот на 90-тите.

Недостасуваа само големите демонстрации.

Последната разврска беше апокалиптична за грчката политика во последната фаза, клучната фаза на македонското прашање, од стекнувањето на независноста на Република Македонија до денес.

Грција никогаш не посакувала постоење на македонска држава на нејзините северни граници. Исконска желба на грчкиот национализам и на целата грчка политика беше ликвидација на соседната земја, со евентуални територијални придобивки. Тоа е причината за огромната антимакедонска пропагандна кампања од почетокот на 90-тите години. Оваа политика во прва фаза немаше успех бидејќи соседната земја, полека-полека успеа да застане на свои нозе, благодарение пред се на меѓународниот фактор и вољата на народот на земјата, за национална и државна еманципација. Втората линија на напад беше, демакедонизација на земјата по секоја цена. Бидејќи првата цел беше и е невозможно да се реализира, и покрај тоа што бугарскиот национализам се движи во ист правец, додека грчкиот се уште се надева, паралелно се одвива напад на второ ниво, претставен во тнр. битка за името. Овие намери впрочем се откриваат и во интервјуто на поранешниот министер за надворешни работи, Андонис Самарас, во Катимерини од 30.03.2008. Каратеристични се изјавите на скоро сите политичари во Грција, во последните години за таканаречена географска одредница на името на соседната земја, како божемна отстапка во однос на радикалниот став на лидерите на политичките партии од периодот на 90-тите: Не за зборот Македонија во името на соседната држава. Заеднички именител и на двата става е негирање на постоењето и почитување на македонската нација и целосниот македонски национален идентитет. Грчката дипломатија, трескавично бара соодветен префикс на зборот Македонија или поради иредентизам од страна на Грција кон север (како Горна) или за деетнизација на земјата како што е Нова. Под Нова Грција си подразбира: Вие сте Новомакедонци, значи нова творба, нова вештачка нација. Ние сме старата, ние имаме исклучиво право, како на елинизмот така и на македонизмот.

Меѓународниот фактор го сметаше и го смета за многу значајно приклучувањето на такланаречената Јадранска Група (Хрватска, Албанија и Република

Македонија) во НАТО, од причини на регионална стабилност што се однесува до иднината на регионот. Република Македонија смета дека членството во НАТее настан од исклучително значење, од една страна навистина заради безбедноста и кохезијата на земјата, од друга страна заради економскиот развој, бидејќи само во услови на стабилност и безбедност има соодветна перспектива.

Грција, спречувајќи го членството на соседната земја во НАТО, успеа да го стави својот печат на политика на создавање непријател на нашите северни граници. Следниот ден нема да биде ист одсега па натаму. Употребувајќи го правото на вето Грција, овој пријателски народ на нашата земја, го натера на спротивната страна. Исто така, уште повеќе го јакне и го прави компактен македонизмот во внатрешноста на соседната земја. Ја јакне македонската нација и македонскиот национален идентитет.

Освен тоа, ги распрсна сите залажувања што ги имаа политчарите и општеството во соседната земја за намерите и политиката на Грција кон нив. Ова негирање ги обединува сега сите Македонци во Република МАкедонија, против оној кој сега веќе се покажа како непријател на народот. Политиката на Грција и последниот непријателски чин со ветото, сега, за жал го ограничува македонизмот не како еднаков идентитет веднаш до елинизмот, туку против него.

Грција не постигна апсолутно ништо во Букурешт, бидејќи правото на вето е факт што ја јакне постапката за донесување на одлуките во НАТО. Оттука славјето станува гарантирано, манифестирајќи во исто време огромна несигурност на грчкиот национализам, во врска со горното прашање.

Самозадоволни од големиот национален успех, од она што всушност се подразбира, оваа неверојатна група политичари и новинари може да се самозалажува, незнаејќи дека грчкиот став продолжува, од една страна да провоцира радост во меѓународната околина за искомплексираните националистико-архаични настојувања, од друга страна пак не ја сваќа дестабилизирачката улога на нашата земја, бидејќи евентуалното распаѓање на соседната земја ќе делува дестабилизрачки на целиот Балкан. Се разбира, ваквото однесување не го дозволува она што исто така се подразбира: да ги видат и да ги почитуваат стотиците илјадници Македонци во соседната земја и етничките Македонци во рамки на границите.

Реториката за провокативните Скопјани, некомпромисниот став, за критериуми за добрососедски односи што Скопје не ги почитува и др. што постојано ја слушаме, е лицемерие и искривување на реалноста. Сето погоре изнесено, во сите овие години, не е карактеристика на соседите, туку на нашата земја.

Негирањето на идентитетот на соседниот народ, на правото на самоопределување, уценувачкото однесување на Грција, во нејзините обиди да се зачлени во меѓународните организации (поради фактот што нашата земја е членка на ЕУ и НАТО каде што одлуките се донесуваат едногалсно), е целосна злоупотреба.

Постојаните наводи од страна на грчките политичари и новинари сите овие години, за скопјани, државичка, вештачка творба, потценувачките коментари за лидерите на соседната земја од страна преставници на грчкиот Парламент според грчката интерпретација е нешто сосема нормално и во рамките на добрососедските односи, додека одбраната на идентитетот, националното достоинство, на нивното уставно име од страна на власта на соседната земја или дури создавањето на сличен национален мит со оној на Грција, претставуваат непријателски став. Потполно неморално.

Што се однесува до суштината на прашањето, Грција ја изгуби борбата за името и за македонизмот уште кон крајот на предминатиот и на почетокот на минатиот век, со рааѓњето на националното македонско движење во тогаш Отоманска Македонија.

Денешната антимакедонска политика на Грција и на Бугарија, против македонската држава своите корени ги има во првата фаза мна македонското прашање и во вооружениот напад против Македонците револуционери нешто малку по Илинден на почетокот на 20-тиот век, со цел територијално проширување и национален интегритет во поширокиот македонски простор. Денес историјата се повторува со поинакви услови.

Последните настани се особено загрижувачки за нашата земја. Го покажаа (уште

еднаш) неплодниот антиамериканизам и кохезијата на црвениот фронт на ниво на политичка пракса. Нашата земја затворена во националистичкото стаклено ѕвоно, со мнозинството од нејзиниот народ интелектуално хендикепиран, почнува да има карактеристики на земја од источен тип, со парламентарна наметка и национално-социјалистички карактеристики.

ПОЛИТИЧКИ СЕКРЕТАРИЈАТ

НА ВИНОЖИТО

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva