Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР ВО СТРУГА
Нема да се занимаваме со шпекулации

 

СТРУГА. - Потврдување на единството во Македонската Православна црква, материјално-финансиското работење, како и прецизирање на правната регулатива се основните теми на црковно-народниот собир, кој вчера и денес се одржува во Калишта.    - Нема да се занимаваме со шпекулации и нема да го трошиме времето за земни расправи кои се од националистички карактер, изјави владиката Петар пред почетокот на највисокиот уставен орган на МПЦ. Најбитно е МПЦ да покаже подем на сите полиња на верскиот живот, кој воедно ќе не афирмира во православниот свет, рече г. Петар потврдувајќи дека, сепак, ќе се донесе некаков заклучок во областа на спорот со СПЦ.    
Тој информира дека за пополнување на испразнетите епархии на МПЦ, најверојатно, ќе се расправа на црковно-народниот собор идната година кога ќе биде ставено на дневен ред дополнување на Уставот на МПЦ.
 

- Се надевам дека дотогаш ќе имаме избор на нови архиереи, како што тоа се случи оваа година со Методи, Климент и Пимен, рече митрополитот Преспанско-Пелагониски.    На собирот предлог за избор на нов архиереј ќе поднесе Борис Велоски, потпретседател на Македонската православна епархија за САД и Канада. "Располагаме со капитал со кој можеме да издржуваме наш архиереј кој, верувам, ќе го зајакне единството на нашата Црква во САД и Канада", истакна Велоски.    

Српскиот егзарх Јован Вранишковски има судска забрана да влегува на црковен имот на МПЦ во американскиот град Гери, Индијана. Ваквата одлука ја издејствувале водачите на Македонската православна епархија во САД и Канада.    

- При престојот на Вранишковски во САД издејствувавме во сите полициски автомобили да има негова слика што би го спречило неговото влегување на наш имот, информира Борис Велоски, кој повел и судски спор поради навредите од страна на расколникот Вранишковски. - Ние ги тужиме сите радио-станици во Индијана кои дозволија Вранишковски на српски јазик да не навредува и да ни вели дека ние и МПЦ не постоиме, информира Велоски, додавајќи дека судскиот спор е при крај кој, најверојатно, ќе го добијат нашите верници.   

Мојаноски: Имаме сили да ги победиме   

Забрзување на процесот на враќање на имотите на МПЦ, објавување на документите од османлиските архиви за укинување на Охридската архиепископија, воведување на веронаука во училиштата, се само дел од иницијативите кои во наредната година ќе ги покрене Комисијата за односи со верски заедници.    
- Времето во кое живееме покажува дека старите апетити кон нас, како држава и црква не стивнуваат. Но, убедени сме дека имаме сили и ум да им се противставиме, рече во својот поздравен говор Цане Мојаноски, претседател на Комисијата.
       

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva