Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

ЦРВЕНКОВСКИ РАЗМИСЛУВА, А АРХИЕПИСКОПОТ ПОРАЧУВА

ДА ПРОДОЛЖАТ РАЗГОВОРИТЕ СО СПЦ

Српскиот патријарх деновиве ќе го добие одговорот од Македонскиот претседател на барањето Јован да добие аболиција. СПЦ, тоа го поставува како ултиматум. МПЦ не сака да го коментира, а сака продолжување на раговорите.


 Претседателот Бранко Црвенковски, најверојатно денеска, ќе му одговори на Српскиот патријарх, Г.Г. Павле, кој минатата недела од него побара аболиција за кривичните дела на поранешниот митрополит Јован, како услов за продолжување на разговорите меѓу МПЦ и СПЦ. Во кабинетот на Црвенковски не откриваат што ќе содржи одговорот на писмото. Велат претседателот го разгледува барањето и во почетокот на оваа недела ќе го испрати одговорот во патријаршијата во Белград.  Црвенковски минатата недела изјави дека аболицијата е уставен елемент кој се практикува само кога ќе се процени дека постои целисходност и корисност за Р. Македонија и за националните и државните интереси на Република Македонија.   Архиепископот Охридски и Македонски, пак, Г.Г. Стефан завчера одби да го коментира евентуалното ослободување на Јован од кривичните дела, со образложение дека МПЦ не се меша во одлуките на државниот врв. Поглаварот на МПЦ, сепак, ги поздрави одлуките што Саборот на СПЦ ги донесе со цел обновување на дијалогот.  -Предлогот да се продолжат разговорите меѓу МПЦ и СПЦ е добар. Ние отсекогаш велиме дека само со разговори можат да се надминат проблемите, а не со донесување одлуки оддалеку, не со правење паралелни цркви, не со прогласување нешто што нема никаква основа и реалност во денешново живеење на црквата во Македонија, изјави Г.Г. Стефан на осветувањето на камен-темелникот на новата црква во Кочани.   "Вечер" дознава, а тоа индиректно го потврди завчера и Аргхиепископот Стефан, дека на првата синодска седница закажана за среднината на јуни, македонските архиереи ќе го прифатат предлогот од Белград да продолжат разговорите. Ставот на МПЦ е дека само со разговори можат да се надминат постојните проблеми меѓу двете цркви.  (М.Н.) 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva