Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

Соопштение од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква (23.08.2005)

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница, одржана на 22 август 2005 год., покрај редовните активности, му посвети соодветно внимание и на писмото на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија  г. Владо Бучковски, преземено од сајтот на Цариградската патријаршија, како и на писмото упатено до Српскиот Патријарх Павле, преземено од сајтот на Српската Православна Црква.

          Светиот архиерејски синод на Македонската Правоиславна Црква цени дека и двете писма содржат порака да се најде форма на мирен начин да се надминат меѓуцрковните проблеми. Вселенскиот Патријарх не зазема една страна, туку ги повикува и двете Цркви на дијалог, а нашата Црква, во писмото до Патријархот, ја нарекува со епитетот ,,најсвета,, исто како и Српската Православна Црква.

          Што се однесува до г.Вранишковски, кој и да се обиде да го брани презема голем морален ризик, бидејќи истиот и покрај тоа што е осуден за досегашните дела, против него се води и судска постапка од 2002 г., за финансиска злоупотреба во трите епархии на Македонската Православна Црква во кои што делуваше како архиереј.

          Опстанокот на македонскиот народ, на Република Македонија, како и на Македонската Православна Црква ниту зависел, ниту, пак, ќе зависи од нечии изјави и желби.

 

OД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva