Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Во Московската Патријаршија се одржува семинар за архиереите на тема Интернет-ресурсите на религиозните организации (28.10.2006)

Секоја година, со благослов на Неговата Светост, патријархот Алексиј II, Црковно-научниот центар Православна Енциклопедија заедно со Руската академија на државната служба при претседателот на Руската Федерација, спроведуваат курсеви за усовршување на квалификациите на раководниот состав на Руската Православна Црква. Оваа година курсевите ќе траат од 7 до 18 ноември. Во рамките на програмата, утврдена од патријархот Алексиј, на 13 ноември во зданието на Московската Патријаршија ќе се одржи семинар на тема Интернет-ресурсите на религиозните организации под раководство на главниот во прес-службата на Московската Патријаршија, свештеникот Владимир Вигиљански.

Известува: www.patriarhia.ru

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti