Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Руската црква го скрила Ирадето на султанот
 

НОВИ МОМЕНТИ ОКОЛУ ПРИЗНАВАЊЕТО НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА - ПРОФЕСОРОТ ПО ВОЕНА ИСТОРИЈА, ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ ТВРДИ:


ВО 1870 ГОДИНА ТУРСКИОТ СУЛТАН ДОНЕЛ ИРАДЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, НО ОВОЈ ДОКУМЕНТ БИЛ СТОПИРАН ПОД ПРИТИСОК НА РУСКАТА ЦРКВА, ВЕЛИ ВОЕНИОТ ИСТОРИЧАР ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ


Нема потреба Македонија да бара поништување на документот со кој турскиот султан во 1767 година го укинал постоењето на Охридската архиепископија, бидејќи 103 години подоцна еден од неговите наследници донел Ираде( султанов указ) за враќање на автокефалноста на македонската црква. Но, тоа било стопирано со интервенција на Руската православна црква, тврди Ванче Стојчев, професор по воена историја. Ваквите информации тој ги добил лично од заменик-началникот на турскиот воен архив, Аднан Акташ, при неговата посета на Македонија пред неколку години, кога беше вратено историското црешово топче во Крушево. Турскиот полковник Акташ му укажал на Стојчев и на фактот дека во истата, 1870 година султанот донел Ираде за признавање и на Бугарската црква, која оттогаш постои како автокефална. "Колегата Акташ, кој потекнува од кавадаречкиот крај изрази желба да помогне во исправањето на историската неправда. Јас им го соопштив овој предлог на дел од нашите владици на еден симпозиум, но тие тогаш не реагираа, вели Стојчев.  На неодамнешниот црковно-народен Собор на МПЦ во Струга делегатите донесоа заклучок со кој побараа од државата да иницира турската Влада да го поништи документот со кој отоманската власт, во 1767 година ја укинал Охридската архиепископија. На Соборот, сепак, не бил споменат предлогот на професорот Стојчев. "Не знаеме за таков документ, но професорот Стојчев е историчар и може да знае повеќе од нас. Во секој случај треба да се провери и ако е точно тоа би бил одличен податок, што ќе може да се искористи за потврдување на нашата вистина, вели митрополитот Петар.        

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva