Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Осветување на првиот Епархиски дом на
Американско-канадската македонска  православна епархија


Н
а 26-ти ноември 2006 година се изврши осветување на првиот Епархиски дом на Американско-канадската македонска православна епархија. 



И
ако оваа македонска епархија во дијаспората егзистира повеќе од половина столетие, со овој молитвен чин таа за прв пат го доби својот духовен центар.

Осветувањето го изврши надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско канадски господин Методиј. Во чинот на осветувањето зедоа учество и бројни свештенослужители од поблиските црковни општини на Епархијата. Седиштето на ново осветениот дом се наоѓа во близина на едно, за нашата црква историско место, каде што е основана првата Македонска православна црковна општина, во Гери, Индијана.


 


Свеченоста започна уште во утринските часови со архиерејска литургија во црквата Св. Петар и Павле, Краун Поинт. Радоста со која православните верници ја дочекаа информацијата со која се официјализира местото на епархиското седиште беше забележлива и по масовното присуство на архиерејската богослужба.

С
амиот чин се изврши во попладневните часови, по што од страна на женската секција на црквата Св. Петар и Павле беше организиран свечен прием во просториите на епархискиот дом.

 

 


Од канцеларијата  за односи со јавноста на Американско - канадската  епархија на МПЦ

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti