Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ ОТКАЖАЛА ОД СВОЈОТ МАНАСТИР
"Свети Прохор Пчињски" премолчено отстапен на Србија

Манастирот "Свети Прохор Пчињски" по Втората светска војна премолчено и го отстапиле на Србија тогашните македонски власти, изјави вчера Новица Вељановски, познат македонски историчар. Тој истакнува дека досега не се откриени конкретни документи со кои било извршено отстапувањето.

- Меѓутоа, постојат многу документи во повоениот период од кои се гледа дека манастирот е на македонска територија. Постојат географски карти, постојат дури и петиции на жители од повеќе села од Кривопаланечкиот и Кумановскиот регион, каде што се наоѓа манастирот, а кои барале да се приклучат кон Србија. Тие петиции, меѓутоа, биле одбивани - вели Вељановски.

Тој претпоставува дека манастирот "Свети Прохор Пчињски" и припаднал на Србија откако била донесена одлука со него да управуваат владиците на Српската православна црква.

- СПЦ, по се изгледа, извршила силен притисок нејзи да и припадне манастирот и тогаш се случила и промената на границата помеѓу Македонија и Србија - смета Вељановски.

Публицистот Ставре Џиков вели дека македонската влада на чело со Лазар Колишевски дефинитивно се откажала од манастирот кога е донесен законот за територијална поделба на федерална Македонија на окрузи.

- Во 1945 година, македонскиот Президиум, на чие чело бил Методија Андонов Ченто, го донесол Законот за територијална поделба на федерална Македонија на окрузи. Со законот и се дава овластување на владата, на чие чело бил Лазар Колишевски да донесе уредба за бројот и за територијалните подрачја на околиите. Владата го донесла тој државен подзаконски акт на 21 ноември 1945 година. Скопскиот округ, според член 4 од Уредбата, се состоел од: Кривопаланечка, Козјачка, Кумановска, Маџарска, Ѓорчепетровска, Драчевска, Теаречка, Тетовска, Гостиварска и Дебарска околија. Со Уредбата се испуштени цели околии - Качаничката и Прешевската, Бујановачката, Трговишката, како и дел од Козјачката околија, селото Старац, каде што се наоѓа манастирот "Св. Отец Прохор Пчињски" - објаснува Џиков.

Тој вели дека во 1945 година, на сојузно федерално југословенско ниво, како и во секоја република биле донесени закони за аграрна реформа и колонизација, со што по револуционерен пат приватната сопственост преминала во државна сопственост. Под удар паѓаат и манастирите и нивните имоти. Таква судбина има и манастирот "Св. Отец Прохор Пчињски" при што српската, а не македонската влада, донесла одлука со која и манастирот бил предмет на аграрната реформа во 1946 година. На манастирот тогаш му биле оставени максимум 24 хектари обработливо земјиште и 30 хектари шума.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva