Clean Clean MicrosoftInternetExplorer4

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа

 

 

 

  

Во сообраќајна несреќа во Хрватска утрово почина познатиот македонски пејач Тоше Проески, кој беше верно чедо на Македонската Православна Црква.

Нека му е вечен споменот.


Скопје, 16 октомври (МИА) - Македонската мега ѕвезда Тоше Проески загина утрово во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка во Хрватска.

 

Портпаролката на Бродско-посавската полициска управа Ката Нуиќ по завршениот увид на местото несреќата за МИА изјави дека Тоше Проески загинал на самото место на несреќата, а неговите сопатници Лилјана Петровиќ и Ѓорѓе Ѓорѓевски се пренесени во болница во Нова Градишка.

- Во оваа сообраќајна несреќа смртно настрада Тодор Проески, додека другите две лица се здобија со телесни повреди и се пренесени во болница во Нова Градишка, рече Нуиќ.

Несреќата се случила утрово во 6 часот и 25 минути на 170-тиот километар од автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка, кога автомобилот марка Туарег со македонски регистарски таблички, управуван од 32-годишниот државјанин на Македонија Ѓорѓески поради непочитување на сообраќајните прописи, односно неодржувањето на потребното растојание помеѓу возилата, ударило со предниот дел во страничниот лев дел на полуприколка на товарно возило со италијански регистарски таблички.

- Потоа дошло до занесување на Туарег-от и удар во заштитната средишна ограда, информираше Нуиќ.

Нуиќ додаде дека увидот е завршен во 9 часот и 45 минитуи и дека сообраќајот на автопатот кој течел со намалена брзина повторно е нормализиран.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 во Крушево.

Музичка кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната Лифе.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издава песната За овој свет.

Со песната Чија си во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал Беовизија.

Тој ги објави албумите Синот Божји (2000), Некаде во ноќта (2001), Ако ме погледнеш в очи (2003), Ако ме погледаш у очи- верзија на српски јазик (2003) Ден за нас (2004), Дан за нас-верзија на српски јазик (2004) По тебе (2005), Пратим те-верзија на српски јазик (2005) Божилак (2006), Игри без граници (2007) и Игре без границе-хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот По тебе со неколку месеци се наоѓаат на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание Божилак е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се Усни на усни, Соба за тага, Ако ме погледнеш в очи, Тајно моја, Немаш ни благодарам, Срце није камен, Кој ли ти гризе образи и други.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти овој месец на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. гп/сп/12:46

миа фоно: Изјава на портпаролот на Полициската управа Бродско-Посавска, Ката Нуиќ.миа фоно: Изјава на портпаролот на Полициската управа Бродско-Посавска, Ката Нуиќ.

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Биографија на Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Седница на Владата на Република Македонија

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Собранието не работи поради смртта на Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Нуиќ: Непочитување на сообраќајните прописи причина за сообраќајната несреќа на Тоше

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Рушити: Веста за смртта на Тоше трагична не само за Македонија, туку и за регионот и светот

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Црвенковски:Проески беше личност која не оставаше простор да не го засакате

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Американската амбасадорка во Македонија изрази сочувство за трагично загинатиот Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Фуере: Трагичен ден за Македонскиот народ и вљубениците во музиката ширум Европа и светот

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Денот на погребот на Тоше - Ден на жалост

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Премиерот Груевски испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Претседателот Црвенковски испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Шекеринска: Тоше успеа во она што не можеше ниту еден политичар, ниту една партија,...

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Азески: Ќе го паметитеме Тоше Проески како бренд, како голем човек и голем Македонец

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Хеликоптер на АРМ вечер од Хрватска ќе ги преземе посмртните останки на Тоше

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Почит за Тоше на плоштадот во Скопје

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Премиерот Никола Груевски се запиша во Книгата на жалост

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Си замина ѕвездено момче

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Сочувство од претставникот на UNICEF во Скопје по повод трагичната смрт на Тоше Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Никша Братош: Беше привилегија да се соработува со Тоше

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Сочувство од министерот за култура Арификмет Џемаили

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Телеграма со сочувство по повод смртта на Тоше Проески од Аднан Ќахил

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Претседателот Бранко Црвенковски се запиша во Книгата на жалост

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Влатко Ѓорчев: Замина најголемиот, најталентираниот, најдобриот

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Стилистот Миличевиќ му изрази сочувство на семејството на Тоше Проески и неговите пријатели

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Селмани: Изгубивме голем човек, пред се хуманист, уметник

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Телеграма со сочувство на Министерството за култура до семејството на Проески

http://www.mia.com.mk/images/pobtrans.gif

Комеморативна изложба на фотографии од кариерата на Тоше Проески

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva