Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

Препорака на Синодот на МПЦ до сите љубители на Kинематографијата и Вистината

 

Не одете во кино. Филмот Кодот на Да Винчи не им се препорачува на верниците. Владиците на МПЦ едногласни - еретичко писмо инспирирано од ѓаволот.

 

Апел до македонскиот граѓанин и до македонскиот православен верник, пред се, да се воздржи ако сака да го послуша гласот на црквата, да не го гледа тоа, бидејќи е навредително за нашиот спасител Господ Исус Христос, изјави г.Тимотеј, портпарол на МПЦ.

 

По Кан или само две недели по светската премиера, контроверзниот филм на Ден Браун вечерва и пред скопската публика.

 

За претставата од 20 часот билетите се распродадени. Оваа информација на билетарата на кино Милениум е објавена уште од вчера напладне.

 

Во кино Милениум задоволни од прометот, експресно ги продаваат и билетите за останатите претстави. Луѓето купувале и педесетина карти одеднаш.

 

Толку брза распродажба на билетите досега за ниту еден друг филм не сме имале, вели Јулијана Трајковска, билетара - кино Милениум.

 

Критиките на Ватикан за Кодот на Да Винчи само ја зголемија популарноста на писателот Браун кај нас.

 

Книгата ја немам прочитано, ја имам прочитано Ангели и демони, а ги набавив и Кодот на Да Винчи и Дигитална тврдина и Ден Браун. Можеби повеќе од религиозни побуди, да видиме што е напишано, со каква цел или што се сака да се каже на публиката. Можеби преку платното човек нешто повеќе ќе разбере, рекоа граѓаните.

 

Сепак, по премиерата на Канскиот фестивал, новинарите и филмските критичари од салата излегоа разочарани. Бомбастично најавената проекција на Кодот на Да Винчи остана без аплауз.

 

 

.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva