Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 

06.11.2005

Конечно можеби проработи совеста по однос на прашањето

 

 

Нема сигнали за продолжување на преговорите меѓу МПЦ и СПЦ, ја коментираше денеска владиката Петар состојбата меѓу двете цркви по последниот сабор на Српската црква. Тој оцени дека проработила совеста кај српските владици - станавме реалност за нив.

Конечно можеби проработи совеста по однос на прашањето - дека ние сме реалсност, дека МПЦ навистина постои. Моментално нема сигнали, но сметаме дека токму ставот, ваков каков што е донесен на соборот на СПЦ, дава надеж дека треба поинаку да се размислува во сета оваа ситуација, изјави Г.Петар, митрополит на Преспанско-пелагониската епархија.

Во Синодот на МПЦ не се открива дали ќе се превземат некои потези за започнување нови преговори со Српската црква.

Пред почетокот на саборот, кој се одржува само двапати годишно, портпаролот на МПЦ беше скептичен.

Ние од нив не очекуваме ништо добро, изјави г.Тимотеј, портпарол на МПЦ.

Денеска од политичкиот врв на Србија и Црна Гора отворено проговорија. Црковниот спор ги загрози односите меѓу двете држави, смета Министерот за наука Поповиќ.

Црковната организација да најде начин да го реши спорот којшто отиде предалеку и ги загрози односите меѓу двете држави. До тоа не требаше да дојде, рече Александар Поповиќ, министер за наука на Србија и Црна Гора.

И додека двете цркви не преземаат ништо, официјалниот став на Србија е дека, таа како секуларна држава нема да се меша во решавањето овој спор.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva