Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

28.08.2005

Референцата БЈРМ е веќе бесмислена

 

 

Во МПЦ велат, во моментов не постојат услови за продолжување на преговорите со СПЦ.

Ова е спротивно на вчерашниот апел на премиерот Бучковски за изнаоѓање компромис меѓу двете цркви, бидејќи по употребата на референцата БЈРМ од српска страна односите меѓу Белград и Скопје добиваат несакани последици.

Референцата БЈРМ е веќе бесмислена. Сметам дека и во самата СЦГ се свесни дека нешто што веќе не постои за нив уште помалку може да постои за една Република Македонија, изјави г.г.Стефан, поглавар на МПЦ.

Меѓу српските владици сеуште е жив национал-шовинизмот, го лоцира проблемот струмичкиот владика Наум.

Моментално нема баш многу услови за преговори, затоа што очигледно работата е политичка, идејата за Голема Србија е жива, вели г.Наум, митрополит на Струмичката епархија.

Реакциите кои деновиве пристигнаа од целиот христијански свет со барање за ослободување на расчинетиот владика Јован Вранишковски како услов за укинување на изолацијата на МПЦ се последица на недоволното познавање на вистината за Македонската црква, вели поглаварот Стефан.

Сметам дека се тоа писма упатени со содржини кои имаат пораки да се разреши црковното прашање во Македонија, иако проблемот што е третиран во тие писма не би требало да биде пречка во разрешувањето на црковните прашања на МПЦ, додаде поглаварот на МПЦ.

Претседателот Црвенковски, кој со беровчани го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица, сеуште го пишува одговорот на писмото до рускиот патријарх Алексеј Втори.

Останува нејасно дали, како што најави, ќе се повика на независноста на судовите или можеби ќе искористи некоја од своите ингеренции, амнестија или аболиција, за решение на случајот Вранишковски.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva