Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Г.Г. СТЕФАН ЗА ПИСМОТО НА ВАРТОЛОМЕЈ ДО БУЧКОВСКИ
Пораката од Патријархот - на погрешна адреса

На поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, се уште, не му е достапно писмото што вселенскиот патријарх Вартоломеј му го упати на премиерот Владо Бучковски, со порака македонската влада да го смени начинот на кој се справува со црковниот проблем во државата. 

"Јас верувам дека неговата светост, патријархот Вартоломеј, ја знае географијата и знае до каде се протега јурисдикцијата на МПЦ, а каде на СПЦ. Презентираното писмо во медиумите како да не се однесува на овој простор и мислам дека е грешка, изјави г.г. Стефан, повторувајќи уште еднаш дека проблемот на МПЦ е политички, а не - канонски. "Она што го прави СПЦ во последно време е во согласност со оние кои од политички причини ја негираат Република Македонија, нејзиното име и сето она што е сврзано со македонската култура и јазик. Така што и политичките причини треба да ги бараме на друго место, а не во однесувањето на МПЦ, на   македонската Влада и нашите верници", е категоричен г.г. Стефан, кој се надева дека Синодот на МПЦ наскоро ќе го добие оригиналниот  текст на писмото на Вселенскиот патријарх. (Д.М.)   

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva