Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


Вести на денот


СЕНАТОТ НА МИЧИГЕН ПРИФАТИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Поддршка за уставното име


ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА,ПОДНЕСЕНА ОД ЛАУРА М. ТОЈ, СЕ НАВЕДУВА ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ПОСЕБЕН НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ, СВОЈ ЈАЗИК И СОПСТВЕНА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА ПОД ВОДСТВО НА МПЦ, А СЕНАТОТ НА МИЧИГЕН ГИ ПОДДРЖУВА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ СВОЈАТА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ ДА ЈА НАРЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА

Сенатот на американската држава Мичиген ја прифати Резолуцијата 59 на сенаторот Лаура М. Тој со која се признава одделен македонски национален идентитет, постоење  посебен македонски јазик и на Македонската автокефална православна црква. Во Резолуцијата се наведува дека луѓето кои живеат во Македонија имаат долга историја и богато македонско етничко наследство.


"Македонците имаат посебен национален идентитет и зборуваат на својот македонски јазик. Тие имаат сопствена православна вера под водство на Македонската православна црква. Република Македонија се стекна со независност во 1991 година и беше примена во Обединетите нации во 1995 година. САД ја признаваат Република Македонија како суверена држава под нејзиното уставно име. Република Македонија е дел од коалицијата за борба против тероризмот", се наведува во Резолуцијата.
  Сенатот на Мичиген, како што се посочува во документот, ги поддржува правата на Македонците во целиот свет својата држава да ја нарекуваат Македонија, слободно да го изразуваат својот македонски национален идентитет, да читаат, пишуваат и зборуваат на својот македонски јазик, да ја исповедуваат верата во својата Македонска православна црква, да ги негуваат своите обичаи и човековите и цивилните права заштитени со меѓународното право.  Копии од Резолуцијата 59 се испратени до американскиот претседател, потпретседател, државниот секретар, претседателот на Претставничкиот дом, лидерот на мнозинството во Сенатот на САД и до конгресната делегација на Мичиген.  Предлагачот на документот, сенаторката Тој, изрази благодарност до Цветко Здравковски и Душко Синадиноски, претставници на Македонско-американската национална алијанса кои помогнале во подготвувањето на Резолуцијата. 


Сенаторката Тој испратила и писмо до македонскиот премиер Владо Бучковски со покана за посета на Мичиген за време на неговата претстојна официјална посета на САД при крајот на октомври годинава.
Во Мичиген е најголемата македонска заедница во САД. (МИА)   

 



back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva