Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Плаошник (10.08.2006)

По повод празникот на свети Климент и на светиот великомаченик Пантелејмон во манастирот посветен на овие Светители на Плаошник - Охрид, вечерта на 8 август во 19 ч. Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Атангел и со повеќемина свештенослужители отслужи празнична Вечерна богослужба. Околу 30.000 верни, Охриѓани како и туристи коишто престојуваат во Охрид, дојдоа за да му се поклонат и да ги целиваат моштите на својот патрон и закрилник.

На 9 август во 9 ч. беше отслужена света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот г. Агатангел и со повеќемина свештенослужители, а по завршувањето на светата Литургија беше извршен Водосвет и беше прекршен празниниот леб, а веднаш потоа беше осветен и новиот мозаик со ликот на свети Климент Охридски.


УТРЕНА БОГОСЛУЖБА

Денес, на празникот на преподобната маченичка Параскева, во Плаошник - возобновената црква на Св. Климент и Пантелејмон се одржа Утрена богослужба.


ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА


Во чест на утрешниот голем  празник , посветен на Св. Климент архиепископ Охридски и светиот великомаченик Пантелејмон,  Владиката г. Агатангел заедно со свештенослужителите од Дебарско-кичевската и Повардарската епархија отслужи Вечерна богослужба.

 

По многуте потреси што ги доживеа од Византија до Велика Моравија, Венеција и Рим, Св. Климент пристигнал на брегот на Охридското езеро во пролетта на 886 година и тука го пронашол тивкото пристаниште. Во судбоносно време, по смртта на Светите Кирил и Методиј, во Панонија почнал жесток прогон на нивните ученици, а словенската писменост и култура биле доведени во драматични прилики на опстанок. Словенската писменост беше спасена во Македонија и од Охрид повторно изгреа сонцето што ќе го грее словенскиот свет повеќе од еден милениум. А сонцето беше Плаошник, Светиклиментовата манастирска црква Свети Пантелејмон што Светиот ја подигна кон 893 година.


Плаошник уште во старохристијанскиот период бил многу почитуван простор во Охрид. Врз него се издигнувала голема поликонхална црква и уште една петобродна базилика. И двете со крстилници со мозаичен украс и бројни скулпторски фрагменти. Христијанската мисија на Св. Еразмо којашто на патот од Антиохија кон Апенинскиот полуостров, ја донела светлината на Христовото учење во античкиот Лихнидос. По варварските пустошења и потреси, над старата триконхална (тролисна) црква, запуштена и полуразурната ја обновил и ја издигнал Св. Климент. Таа станала центар на Охридската книжевна школа и на повеќе духовни и научни дисциплини низ кој минале околу 3500 ученици подоцнежни свештеници, писатели, преведувачи, мисионери, црквени личности од сите степени на хиерархијата.


Во Светиклиментовата црква се чувале најстарите преводи на библијата и на богослужбените книги на старословенски јазик, создаден од Светите Кирил и Методиј според јужномакедонските говори. Во овој храм Св. Климент ги напишал повеќето беседи и други житијски и поетски текстови кои му даваат високо место во словенската просвета и култура. Во првата најстара епоха било употребувано глаголското писмо, а подоцна со неговата реформа, особено по ЏИ век се наметнало кирилското писмо и мелозвучниот словенски книжевен јазик преку кои христијанството навлегло во сите слоеви на народот и го птиснал неразбирливиот грчки јазик. Од Плаошник се ширела писменоста до Киевска Русија и Волга, до Црното море и до Подунавските земји.


Во еден период црквата на Плаошник претставувала архиепископска катедрала, не само затоа што била убава, туку и поради нејзината светост, како дело на сенародниот заштитник.


Во 893 година Св. Климент бил хиротонисан за епископ Велички, како прв словенски епископ меѓу јужните Словени. Неговата Величка епископија била во Македонија со делови од сегашна Албанија.
Биографот на Св. Климент, архиепископот Теофилакт, еден од најучените луѓе на ЏИ и ЏИИ век, поклонувајќи на неговото дело и на моштите, напишал дека кога го почувствувал бремето на годините, самиот со свои раце го подготвил гробот на десната страна од пронаосот. По повод 2000 години од раѓањето на Исус Христос, Македонската Православна Црква, по вековни разграбувања ги врати Светиклиментовите мошти на местото кадешто тој почивал по 916 година.
Непосредно по смртта, Климент бил прогласен за светител.


Во средниот век манастирот на Плаошник бил најпочитувано светилиште во Охридската архиепископија.


Пред самиот крај на ЏВ век, манастирската црква и сите конаци биле срушени од еден висок османлиски судски функционер (баш-муфтија) којшто врз ѕидовите на основната црква ја подигнал Султан Мехмедовата џамија. Имотите на Светиклиментовата црква биле одземени и доделени на Имаретот. На овој дел од Плаошник и во Самоиловата тврдина се сместила воена посада. Подоцна минарето и покривот на џамијата се срушиле и останале само страничните ѕидови.
Во изминативе 60-тина години повеќе пати се преземани обемни археолошки истражувања при што се констатирани сите христијански слоеви на Плаошник и се пријде кон возобновување на Светиклиментовиот храм со неговите доградби до османлиската окупација, односно до рушењето на црквата, со респектирање на старите ѕидови кои во олтарот достигнуваа до височина на човечки раст. Црквата е возобновена врз средновековниот габарит, при што се сочувани и конзервирани старите ѕидови и фрески. 

 

 

Според
академик др. Цветан Грозданов во
ПЛАОШНИК - возобновената црква на Св. Климент и Пантелејмон


 

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti