Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Cпоменот на Пренесување мошти на Свети Игнатиј Богоносец

На 11 февруари, на денот кога Светата Православна Црква го слави споменот на Пренесување мошти на Свети Игнатиј Богоносец, Неговото Високопреосвеоштенство Митрополитот Американско канадски г. Методи отслужи празнична Божествена Литургија во храмот Св. Петар и Павле во Краун Поинт, Индиана.


На овој датум се празнува преносот на моштите на Свети Игнатиј Богоносец од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во која што порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите мошти, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Кога Персијанците ја зедоа Антиохија, моштите на Свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим.

 

 

Подготвил
Секретарот на АКМПЕ
 

back.gif (1338 bytes)

Vesti