Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)



Во Калишта кај Струга започна архиепископскиот црковно-народен собор на МПЦ
Иселениците во Сад и Канада бараат митрополит
Со ваквата одлука ќе се намалеле притисоците на другите цркви

 

 

 

 

 

СИМОН ИЛИЕВСКИ


СТРУГА - По хиротонисувањето на тројцата епископи, со што се подмлади Македонската православна црква, се отвораат можности за пополнување на испразнетите епархии во Македонија и во дијаспората. Свесни за позитивните промени, на архиепископскиоти црковно-народен собор што се одржува во манастирскиот комплекс "Калишта" кај Струга. Делегацијата на Американско-канадската епархија побара МПЦ да назначи самостоен архијереј кој ќе ја врши должноста во Америка и во Канада.

 
"Создадени се неопходните услови најстарата и најбројна епархија во дијаспората - Американско-канадската - да добие свој архијереј. Досега надлежни за оваа епархија беа архиепископите на МПЦ, но многу подобро ќе биде да имаме свој архијереј, кој постојано ќе биде со нас. Епархијата финансиски е моќна и може да има свој архијереј", објаснува иницијаторот Борис Велоски, потпретседател на Американско-канадската епархија. Според него, со тоа ќе се намалат притисоците на другите православни цркви врз МПЦ во Америка и Канада и ќе се организира поактивен црковен живот на македонските иселеници.


"Светиот архијерејски синод има донесено одлука за нова распределба на епархиите во дијаспората и наместо сегашните три се планирании шест епархии. Оваа одлука ќе може да се реализира по измените на уставот на МПЦ и веројатно на следниот архиепископско-црковен собор, изјави вчера митрополитот пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, господин Петар.

 
Неофицијално меѓу учесниците на соборот можеше да се слушне дека за делењето на епархиите во дијаспората треба да се направи посериозна анализа. Причинаи за внимателност, според нив, е да не се создаваат услови за нови внатрешно-црковни делби и недоразбирања во МПЦ, како што се оние во Австралиско - новозеландската епархија.

 

На единството во МПЦ вчера во обраќањето пред учесниците на црковно-народниот собор потсети и архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан. "Нам ни е дадена оваа доверба и треба да ги исполниме очекувањата на оние што нў предложиле и избрале да бидеме членови на највисокото црковно управно и законодавно тело а МПЦ, потенцира поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

 

"Пред Македонската православна црква и пред македонската држава особено сложено е и прашањето за обидите да се инсталира паралелна епархија или

поточно паралелна црква на МПЦ. Обидот да се инсталира паралелна црква и притисокот што се појави по судската одлука објективно бара да се направи поцелосна стратегија за дејствување на црквата и на државата. Во таа насока е неопходно заедно да ги обединиме силите", рече претседателот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Цане Мојановски.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva